Детска парализа – заборавена, но не и искоренета болест

Полио (полиомиелитис) или попознато како детска парализа е инфективна болест предизвикана од вирус. Го напаѓа нервниот систем и може да предизвика неповратна парализа за само неколку часови. Може да се заразат лица на која било возраст, но најмногу ги напаѓа децата под петгодишна возраст.

Се пренесува преку директен контакт лице-в-лице, преку контакт со заразена слуз или секрет од нос и уста, или преку контакт со заразен измет.

Се внесува во телото преку устата и се размножува во цревата. Потоа се пренесува во околината преку фецесот и брзо се шири, особено во услови на слаба хигиена и санитарија. Доколку доволен број на деца целосно се имунизираат против полио, вирусот не може да се пренесе и изумира.

Малите деца кои се’ уште немаат стекнато навики за во тоалет се главниот извор на пренесувањето, а постојат докази и дека мувите може пасивно да го пренесуваат од фекалиите на храната.

Повеќето заразени лица немаат никакви симптоми и не се свесни дека го имаат и може да го пренесат на илјадници други пред да се појави првиот случај на парализа. Поради тоа, Светската здравствена организација смета дека еден потврден случај на полио е доказ за епидемија.

Позната е како детска парализа бидејќи најчесто предизвикува оштетување на мускулите на екстремитетите, но доколку ги оштети мускулите околу белите дробови, влијае и на дишењето. Всушност, болеста го напаѓа нервниот систем, односно нервите кои се поврзани со мускулите.

polio1Полиото не е искоренето и се’ уште постои во Пакистан и Авганистан. Покрај тоа, многу Австралијци кои се заразиле со оваа болест како деца, сега се соочуваат со повторување на симптомите.

Оваа болест била најраспространета во првата половина на 20-тиот век и исто како и за другите заразни болести (ХИВ, Ебола и сега Зика), нема лек.

Во тој период се чинело дека болеста напаѓа по случаен избор – еден ден децата си трчале среќно со своите пријатели, а веќе следниот ден биле парализирани со огромни болки и треска.

На почетокот на 20-тиот век имало и прилично бизарни теории за причината за оваа болест, како на пример дека ја предизвикува сонцето, домашните животни, растителни плодови и слично. Дури во 1950-тите луѓето почнале подобро да го разбираат нејзиниот пренос како вирус – преку контакт на лице со лице, преку фекален материјал.

Напредокот дошол со развојот на вакцините. Во Австралија, масовната вакцинација започнала во 1956 година со вакцината развиена од страна на Џонас Салк, иако веќе било премногу доцна за десетици илјади деца кои веќе биле заразени.

Оние кои преживеале, сега се соочуваат со повторување на симптомите, односно со задоцнети ефекти од болеста (кои се јавуваат од 15 до 40 години по заразата) како резултат на тоа што се оштетени нервите кои се поврзани со мускулите и дополнителен товар е ставен на неоштетените нерви, па со текот на времето и тие се оштетуваат и се јавуваат болки и слабост во мускулите и зглобовите.

poliwho002За жал, докторите денес не можат да ја препознаат оваа болест бидејќи сметаат дека е искоренета и дека не претставува никаков ризик. Тоа не е точно. Доволно е некој со многу намален имунитет да посети некоја област каде што вирусот е ендемичен, да се зарази, да се качи на авион и да ја пренесува болеста. Токму тоа се случило во 2007 година во Мелбун, кога еден студент се вратил од посета на Пакистан.

Превенцијата на епидемијата на полио се заснова на одржување на високо ниво на имунитет на населението, пожелно над 90%. Важно е да се разбере дека и покрај успехот на вакцинацијата, се’ уште нема лек. Ако денес се заразите од оваа болест, ќе го добиете истиот третман како во 1960-тите, односно третман за да се ублажат симптомите, но не и да се излечат.

Поддржете ја нашата работа: