Деутериумот во водата за пиење предизвикува депресија

 Луѓето со депресија често чувствуваат тага, безнадежност, беспомошност, празнина, бескорисност, вина, немир, анксиозност, раздразливост. Тие можат да изгубат интерес за активностите во кои претходно уживале, да им се намали апетитот или да се прејадуваат, да не можат да заспијат или да спијат премногу , да чувствуваат замор, болка, проблеми со дигестијата, и намалена енергија.

Доколку овие депресивни чувства траат подолго време, може да доведат до клиничка депресија која влијае на извршувањето на секојдневните обврски како работа, учење, комуникација со луѓето, извршување на домашните обврски и слично, што може да се смета како своевиден хендикеп. Кај некои потешки случаи може да резултира и со самоубиство.

Поради сите овие факти депресијата стана еден од приоритетите на глобалната научна заедница и нејзиното ефикасно лекување е вистински предизвик.

Еколошките фактори, како изложувањето на сонце и дневна светлина, годишните флуктуации на температурата на воздухот и содржината на одредени минерали во почвата и водата, се покажале како важни за невропсихијатриските болести како депресијата.

Содржината на изотопите во природната вода за пиење е еден од факторите кои во голема мера се разликуваат во различни географски области и може значително да влијае на физиолошките процеси. Меѓутоа, не е јасно дали содржината на изотопите има влијание на афективните пореметувања, или дали може да го смени фенотипот во животинските модели на депресија.

За таа цел, меѓународен тим на научници од повеќе земји, вклучувајќи ја и Русија, спровел експеримент на глувци за да ја потврди хипотезата за поврзаноста на процентот од одреден изотоп на водород во водата (деутериум) и статистиките за распространетоста на клиничката депресија во САД.

Научниците не само што биле во можност статистички да ја покажат поврзаноста помеѓу овие два параметри, туку ги истражувале и својствата на водата со помалку деутериум.

Тие ги проценувале антидепресивните својства на водата со помалку деутериум во споредба со фармаколошката референца циталопрам, преку анализата на трите добро познати парадигми на депресија и стрес кај глувците: хроничен стрес, потиснување на нервната пролиферација на хипокампусот предизвикана од стрес и ЕЕГ анализа за време на спиење.

Глувците пиеле вода со 140,3 ppm деутериум, вода со 91,7 ppm деутериум и вода од чешма каде што бил растворен циталопрам (15 mg/kg дневно) и овој раствор се менувал на секои 3 дена.

При истражувањето на хроничниот стрес, тие биле поделени во две групи кои биле подложени на 10 дневен протокол на стрес. Потоа, научниците го изолирале хипокампусот и ја мереле експресијата на транспорт на сертотонин (SERT).

При истражувањето на нервната пролиферација на хипокампусот, глувците биле поделени на две групи од кои едната пиела вода со 140, 3 ppm деутериум, а другата со 91,7 ppm. И двете групи биле подложени на стрес во текот на 5 дена.

При ЕЕГ анализата за време на спиење, на глувците им биле вградени електроди за полиграфски снимки и пиеле вода со 140, 3 ppm и 91,7 ppm деутериум во рок од 14 дена.

Резултатите покажале значителна поврзаност помеѓу содржината на деутериум и стапките на депресија. Научниците процениле дека распространетоста на депресијата се зголемува за 1,8% на секое зголемување за 10 ppm на деутериумот во водата за пиење од чешма. Односно, глувците кои пиеле вода со помалку деутериум подобро се справувале со стресни ситуации и помалку покажувале депресивно однесување.
Исто така, глувците кои пиеле вода со 91,7 ppm деутериум и вода со циталопрам имале намалено ниво на експресија на SERT во хипокампусот.

Зошто е ова вака, научниците не можат да кажат со сигурност. Тестовите покажале дека водата со мало количество на деутериум влијае на мозокот на глувците слично како циталопрамот. Според научниците, водата со сличен состав влијае и на хормонот серотонин, кој е широкопознат како хормон на среќата.

Со оглед на фактот дека возрасните пијат од 2,7 до 3,7 литри вода дневно, вкупното количество на деутериум изнесува околу 0,7-1,2 милилитри. Социјалните и економските фактори, како и други демографски фактори, покажуваат варијации на стапката на депресија и дистрибуцијата на деутериум во природната вода, од една држава до друга.

Со помош на овие резултати, водата со помалку деутериум може да претставува нова стратегија за намалување на депресијата.

Претпоставувам дека сега и вие се прашувате колку деутериум има во нашата вода за пиење.

Поддржете ја нашата работа: