Методата – спектрална хистопатологија, истражувачите во соработка со докторите успешно ја примениле во „Ruhrlandklinik“ во Есен. Тимот, предводен од проф. д-р Клаус Герверт, ги споредува резултатите од традиционалните дијагностички процедури со тие од спектралната хистопатологија во списанието “Analyst.”
Споредба со традиционалните методи за детекција на туморите; специфичен третман за пациентите
За разлика од сегашните методи, методата на спектрална хистопатологија не бара боење на ткивата со различни маркери за да се одреди подтипот на ракот. Патолозите обично го дијагностицираат ракот на белите дробови преку микроскопска анализа на обоени делови од ткиво од белите дробови, земено со биопсија. Честопати дијагнозата не може да се постави сѐ дури ракот не дојде во напредна фаза, бидејќи симптомите се појавуваат дури откако болеста многу ќе напредне.
Спектралната хистопатологија од друга страна, ги детектира молекуларните промените во ткивото директно – особено протеинските промени, без да е потребно било какво боење. Бидејќи се користат светлосни зраци, ткивото од биопсијата може последователно да се испитува и со други методи, особено со геномски или протеомски анализи.
„Резултатите од спектралната хистопатологија се поклопуваат идеално со дијагнозата од патолозите, што претставува импресивна демонстрација на потенцијалот на методата за клиничка дијагностика“- велат истражувачите.
Резултатите од спектралната хистопатологија може да им помогнат на хирурзите во правењето на терапевтски решенија на самото место за време на операцијата. За таа цел, потребно е да се овозможи спектралната хистопатологија да се прави во операционите сали. Во иднина овие податоци можат на патолозите да им послужат како „второ мислење“ и да им бидат од помош при донесување на одлуки.