Диносаурус, птица или лилјак?

„Ји Чи“ (Yi qi) е еден примерок на диносаурски фосил откриен во Кина. Потекнува од доцниот Јура период. Се смета дека ова суштество е постаро од „Archaeopteryx“– најстарата позната птица. Има долги раце, со големи здрвени пердуви кои не служат за летање.

Рацете, исто така, имаат долга тенка коска која излегува од зглобот, прикачена за мембрана, слично како крилјата на лилјакот, птеросаурот или летечките верверичките. Ваков механизам досега не е забележан кај други птици или диносауруси.

Откритието сугерира дека имало повеќе фази во летањето (отколку што мислевме) на диносаурусите пред да еволуираат во птици.

Ксинг Ксу од Институтот за палеонтологија и палеоантропологија на р’бетници (IVPP) во Пекинг, Кина, и неговите колеги го идентификувале „Ји Чи“ како „scansoriopterygid“– слабо позната група на мали пердувести диносауруси.

Иако тие се поврзани со „Archaeopteryx“, се мислело дека не можат да летаат. Некои истражувачи укажуваат на тоа дека тие ги користеле рацете и прстите за качување по дрвја – што ги прави единствени диносауруси со таква способност.

Пронајдениот фосил е нецелосен, ги содржи двете раце, черепот и горниот дел од телото. Првиот впечаток за пердувите е дека се неспособни за лет, но мембраната од зглобовите е загатка.

Иако научниците се’ уште се двоумат дали Ји Чи лета или не, сите се согласуваат дека се работи за бизарно суштество кое нуди бројни морфолошки докази.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt