ДНК часовник

Тие ги проучувале хемиските промени во ДНК кои се случуваат во текот на животот, и им помагаат при предвидувањето на биолошката возраст на поединецот. Со споредувањето на вистинската возраст на поединецот, и неговата предвидена возраст од биолошкиот часовник, научниците забележале одредена шема, односно оние поединци кај кој биолошката возраст била поголема од вистинската, имале поголеми шанси за смрт во поскоро време, отколку оние поединци чија биолошка возраст се совпаѓала со вистинската.

Биле спроведени 4 независни истражувања, на околу 5 000 постари лица, во текот на 14 години. Научниците од Универзитетот во Единбург, во соработка со истражувачи во Австралија и САД, ја мереле биолошката возраст на секој поединец, преку проучувањето на хемиска модификација на ДНК, позната кака метилација. Модификацијата не ја менува секвенцата на ДНК, но игра важна улога во билошките процеси и може да влијае на начинот на кој гените се „вклучуваат“ и „исклучуваат“.

Научниците откриле дека, и покрај другите фактори како пушење цигари, дијабетес и кардиоваскуларни болести, постои поврзаност помеѓу имањето на побрз биолошки часовник и раната смрт.

Ова истражување им помага на научниците подобро да ја разберат долговечноста и здравото стареење. Во моментов не е познато кои генетски фактори или начин на живот влијаат на биолошката возраст, но научниците имаат неколку проекти и планираат да продолжат со детални истражувања.

  • ТАГОВИ
  • dnk
ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt