Доаѓа апликацијата која препознава дали храната е полна со бактерии

Бактериите можат да предизвикаат труење со храна и тие се поделени на инфекции и интоксикации. Интоксикациите ќе се појават по конзумирањето на храна во која претходно патогените бактерии имаат развиено токсини. Болестите кои се јавуваат после изедената храна во која претходно се развиле патогени бактерии во доволно голем број се нарекуваат инфекции.

Важно е да се напомене дека и покрај бројните постоечки бактерии и токсини, правилното спроведување на хигиенски мерки можат да ја елиминираат опасноста од нивна дополнителна инвазија. Во прехрамбената индустрија секогаш се спроведуваат строги мерки за контрола на суровините и се наметнуваат посебни барања од вработените.

Покрај сето ова, во прехрамбената индустрија знаат да се направат пропусти на било кој начин. Научниците од Универзитетот Масачусетс Амхерст се обидоа да стават крај на сето тоа.

Имено, тие развија апликација за паметни телефони која ги предупредува корисниците за присуство на бактерии во храната, користејќи микроскопски додаток од минимални 30 долари.

Постојат навистина малку ефективни методи со кои успешно може да се спречи труење од храна, бидејќи сепак тестирањето на некои штетни, а чести бактерии како на пример ешерихија коли и салмонела, бара специјална опрема и два дена за покажување на резултатите.

Со користење на новата апликација, научниците тврдат дека резултатите за присуство на патогени бактерии пристигнуваат за многу помалку време. Уредот со UMass користи чип премачкан со хемикалии кои се врзуваат и со најмалата количина на бактерии.

Со еден пример покажале како ја чистат водата од потенцијално контаминиран производ и на крај го ставиле чипот во неа. После половина час, микроскопот кој може да се додаде на било која камера од паметен телефон, покажува бактерии на екранот.

Научниците напоменуваат дека оваа технологија засега е преелиминарна, бидејќи сеуште не разликува добри од штетни бактерии. Својата работа ја продолжуваат со пронаоѓање на техники кои се во состојба да откријат специфични видови на бактерии. Нивниот уред сеуште не е пласиран на пазарот, но веќе неколку компании кои се занимаваат со производство на храна покажале значаен интерес.

Научниците исто така долгорочно се надеваат дека овој уред може да користи и во домаќинството за превенција од конзумирање на контаминирана храна.

Поддржете ја нашата работа: