Добивање базични хемикалии од биомаса

Ова откритие може да доведе до користење на растителна биомаса како основна суровина во хемиската индустрија.

Новиот катализатор овозможува селективна хидрогенолиза на единечната врска јаглерод – кислород  (C-O) во фенолите и арил метил етерите, двете основни компоненти на лигнинот. Лигнинот е главна компонента на растителната сува материја и има потенцијал да ја замени нафтата како примарен извор на основните ароматични хемикалии, како што се „BTX“ (бензен , толуен и ксилен) и фенол. Производството на овие градежни блокови од лигнин бара селективна хидрогенолиза на „C-O“ врската во фенолите и арил етерите , но нивните ароматични прстени се исто така подложни на хидрогенација. Со употребата на новиот катализатор, истражувачите успеале – за прв пат – да остварат селективна хидрогенолиза на „C-O“ врската, без да предизвикаат раскинување на ароматичните прстени.

Истражувачите го употребиле хидроксициклопентадиенил иридиум комплексот (hydroxy cyclopentadienyl iridium) како катализатор во водород (дихидроген) на атмосферски притисок. Со помош на новиот катализатор, аренолите (деривати на фенол) биле успешно деоксигенирани до добивање на соодветните арени. Покрај тоа, арил метил етерите биле селективно претворени во ареноли после деметилацијата со дихидроген со користење на истите катализатори.

„Ова истражување покажува дека новиот катализатор има потенцијал да овозможи масовна употреба на логнинот како суровина за базичните ароматични хемикалии за хемиската индустрија, наместо фосилните горива. Наша крајна цел е да придонесеме во создавањето на општество што ефикасно ќе ги искористи обновливите извори на енергија“- истакнуваат истражувачите.

Истражувањето е објавено во „ Nature Communications“,

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt