Според Американската академија за медицината на спиењето, приближно 50 – 85% од возрасните, а 75% од децата имаат кошмари.
Повеќето луѓе имаат кошмари повремено, особено при стресни периоди. Овие кошмари најчесто ги одразуваат работите кои најмногу не загрижуваат додека сме будни, па продолжуваат да ни пречат и кога спиеме, според „The Science of Us“.
Едно истражување од 2009-та година, објавено во „Current Directions in Psychological Science“ сугерира дека овие лоши соништа се всушност дел од начинот на кој мозокот ги обработува емоциите. Истражувачите веруваат дека регулирањето на емоциите може да е главната функција на РЕМ спиењето (фаза на спиење при која се случуваат соништата).
Кошмарите, всушност, можат да ни помогнат да се дистанцираме од нашите стравови, бидејќи мозокот ги „претвора“ во сеќавања, односно ги доживуваме како нешта што се случиле во минатото. На тој начин, нема за што да се грижиме во сегашноста.
Кошмарите служат за да ги процесираат сите негативни емоции во вашиот свет. Затоа, ако имате некој проблем во вашиот живот, тој најверојатно ќе се појави и во вашите соништа. Погледнете го видеото.