Докази за канибализмот кај нашите предци

Анализата на антички тела пронајдени на едно познато археолошко наоѓалиште го потврдува постоењето на софистицираната култура на касапење на човекови остатоци, според научниците од Природонаучниот музеј, Универзитетскиот колеџ во Лондон и неколку шпански универзитети.

Ископувањата во познатата пештера Гоф во Сомерсет завршиле во 1992 година, но истражувањата на човековите коски продолжиле до денес. Ископувањата од ова археолошко наоѓалиште откриле интензивно преработени човекови коски кои се помешале со многуте искасапени остатоци од големите цицачи, како и со различни видови на артефакти од камен и слонова коска.

Со помош на нова техника со радиојаглеродно датирање, научниците откриле дека остатоците биле депонирани за краток временски период, можеби за време на серија на сезонски окупации, пред околу 14.700 години.

„Човековите остатоци се предмет на проучување на повеќе истражувања. Во претходните истражувања утврдивме дека кранијалните остатоци биле внимателно модифицирани за да се направат чашки. Меѓутоа, за време на ова ново истражување идентификувавме досега најголем степен на човекова модификација. Пронајдовме несомнени докази за отстранување на месото, на екстремитетите, кршење на коските или напукнување, како и џвакање“, вели главниот истражувач  д-р Силва Бело.

Присуството на траги од човекови заби на многу од коските обезбедува непобитни докази за канибализам. Овие докази укажуваат дека канибализмот бил дел од погребалните практики на луѓето од „Магдаленскиот период“, кои вклучувале употреба на черепот како чашка.

„Овој период се карактеризира со извонредна реткост на погребување, поради што често се откриваат човекови остатоци измешани со отпад на многу наоѓалишта. Понатамошните истражувања ќе помогнат да се утврди дали канибализамот во овој случај е регионален (бил застапен само таму) или пак бил широко распространет во тој период.

Истражувањето е објавено во „Journal of Human Evolution“.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.