Документирање на последните номадски племиња во светот

Често зборуваме за загрозени видови на животни и за животни средини кои исчезнуваат, но што е со луѓето? И на некои луѓе им се заканува ризикот од истребување, како на пример на номадските племиња и нивната култура.

Јазикот, обичаите и традицијата често се пренесуваат од генерација на генерација, но некогаш и се забораваат. Тоа што една културна традиција полека исчезнува, не значи дека е безвредна.

Ова е само дел од листата на УНЕСКО на нематеријално културно наследство кое има потреба од итна заштита.

Листата содржи 314 елементи од земјите низ целиот свет. За некои можеби веќе сте слушнале, како на пример за кинескиот куклен театар со сенки, француското јавање коњи и колумбиската музика со маримба. Но, сигурно не сте запознаени со „Jultagi“– кореанската техника на одење по јаже, или пак „Ifa“ – системот на претскажување во Нигерија.

Со оглед на влијанието на човекот на природниот свет, можеби зачувувањето на одредени делови од човечката култура се чини погрешно. Особено поради тоа што тоа се должи на напредокот и модернизацијата. Но, како што сите веќе знаеме, важно е да учиме од историјата за да ги избегнеме грешките од минатото. Обидот да се зачува културата може да ни помогне во тоа, преку одржувањето и проучувањето на усната историја, уникатните рачни изработки и традиционални мудрости. Проучувањето на културното наследство исто така може да не збогати со разновидни богати искуства кои не можат да се најдат во модерната ера.

Погледнете како фотографите се обидуваат да ги зачуваат загрозените наследства на некои од последните номадски племиња во светот.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt