Допаминот и математиката

Ефектите на допаминот стануваат многу јасни доколку постои негов недостаток во мозокот, како што е случајот со Паркинсоновата болест. Допаминската нерамнотежа води до различни невролошки пореметувања, особено во движењата , но исто така и во менталните способности. Нашиот клучен когнитивен центар, префронталниот кортекс, кој ние го користиме за апстрактно мислење, одлуки базирани на правила и логички заклучоци, интензивно се снабдува со допамин. И покрај неговото големо медицинско значење,  многу малку се знае за ефектите на допаминот при обработката на информации од невроните во здрав мозок.

За да го  тестираат ова, истражувачите обучиле резус мајмуни да решаваат математички проблеми од  типот „ помало од“ и „ поголемо од“. Од другите неодамнешни студии, истражувачите веќе знаеле дека одредени неврони во предниот дел на мозокот одговараат на овие прашања – една половина од овие клетки се активира кога се применува правилото „поголемо од”, а другата половина се активира кога се применува правилото „помало од”.

Во меѓувреме, физиолошки мали количини на различни супстанции биле испуштени во близина на соодветните клетки. Овие супстанции може да имаат ист или спротивен ефект од  допаминот и се апсорбираат од невроните чувствителни на допамин. Изненадувачкиот резултат бил тоа што поттикнувањето на системот на допамин ги поттикнувал клетките во предниот дел на мозокот да се претстават подобро и и да направат јасна разлика помеѓу правилата „поголемо од” и „помало од”. Допаминот имал позитивен ефект на квалитетот на работа на клетките.

Истражувањето дава нов увид во тоа како допаминот влијае на апстрактното мислење, на пример при решавањето на едноставни математички правила. „Со овие заклучоци, ние сме само на почетокот на разбирањето на тоа како нервните клетки во префронталниот кортекс произведуваат комплексен, целосен режим на однесување“, велат истражувачите.

Заедно со подоброто разбирање на основата на обработката на информации во овој важен дел од мозокот, резултатите би можеле да имаат и медицинско значење. Овие нови сознанија помагаат подобро да се толкуваат ефектите од одредени лекови кои може да се користат, на пример, во случај на тешка психичка растроеност.

Поддржете ја нашата работа: