Дури и рибите си играат

 

Гордон Бургарт, професор на одделот за психологија и екологија, е познат по дефинирањето на „играњето“ на начин што ни овозможува да го препознаеме кај видови за кои претходно сме мислеле дека не се способни да си играат, како на пр. осите, влекачите или безрбетниците.

„Играњето е повторливо однесување кое не зависи од возраста и започнува доброволно кога личноста или животното се наоѓаат во опуштена средина или средина без стрес“, вели Бургарт.

Заедно со колегите, Владимир Динетс, асистент-професор на едно психолошко истражување, и Џејмс Марфи од националниот зоолошки парк Смитсонијан во Вашингтон, го документирале играњето кај рибите од видот „cichlid“.

Тимот проучувал и снимал три машки риби индивидуално во текот на две години. Ги набљудувале рибите како постојано напаѓале термометар зацврстен на дното на аквариумот. Присуството или отсуството на храна или други риби во аквариумот немало никаков ефект на нивното однесување. Напаѓањето на термометарот го исполнува критериумот на Бургарт за играње.

„Набљудувавме и октопод кој го правеше ова со топчиња. Ги влечеше топчињата под вода и гледаше како се враќаат назад нагоре“, вели Бургарт.

Според Бургарт, со попрецизното карактеризирање на играњето и неговото набљудување во животинското царство, луѓето можат подобро да се разберат себеси. Неговото истражување илустрира како играњето е вградено во билогијата на видовите, вклучувајќи го и мозокот. Играњето, исто како и поголемиот дел од психологијата на животните, вклучувајќи ги и емоциите, перцепциите и интелектот, е дел од нивната историја на еволуирање, а не само случајно безначајно однесување.

„Играњето е составен дел од животот и може да го направи вреден за живеење“, вели Бургарт.

Неговите сознанија на оваа тема се опишани во неговата книга „The Genesis of Animal Play– Testing the Limits“– Testing the Limits“

Поддржете ја нашата работа: