Двајца татковци, едно дете

Велика Британија го изгласа законот и покрај стравот дека децата можат да се родат стерилни. Со оваа историска легислатива, Британија е првата земја со овој закон. Официјално ќе стапи на сила во октомври.
Контроверзните ИВФ процедури се одобрени во насока на спречување на наследни митохондријални болести.

Пратениците, вклучувајќи ги и сите три главни партиски лидери, гласаа претходно овој месец во Долниот дом за легализација на  митохондријалната донација, која користи генетски материјал од „втора мајка” за поправање на маани во ДНК.

Мислењата и ставовите се поделени.

Лорд Дебен повика на одложување и побара од колегите да се формира комисија да за разгледување на безбедноста и законитоста на постапката. Тој предупреди дека децата родени со оваа техника може да бидат стерилни и тврди дека поголемиот дел од јавноста не се согласува со постапката.

„Ние треба да заштититиме три категории- семејствата, децата и поширокото општество. Треба да бидеме загрижени за децата кои ќе се родат во овие околности. Постојат реални сомневања за безбедност “, изјави тој.

Поранешниот јавен обвинител и бароницата Холинс, претседател на Комитетот за наука на Британската лекарска асоцијација, исто така,  се против законот , додека бароницата O’ Лоан предупреди дека многу повеќе донатори ќе бидат потребни за постапката, што значи дека жените ќе бидат изложени на ризик од компликации од хиперстимулација.

Сепак, застапниците велат дека митохондријалната замена може да им даде реална надеж на семејствата. Според нив, сурово е да се чека повеќе од неопходното време и не веруваат дека технологијата претставува закана за структурата на општеството.

 Министерот за здравство негираше дека законот  ќе доведе до „лизгава патека” за создавање на дизајнирани бебиња.

Промената на митохондриите е  нешто како замена на батериите. Тоа ќе им овозможи на многу луѓе да станат родители. Ние имаме многу силен регулаторен систем кој би ја набљудувал процедурата и второ, секој случај ќе биде посебно разгледан.

Истражувањата покажаа дека митохондриална донација потенцијално би можела да им помогне на речиси 2.500 жени на репродуктивна возраст во Велика Британија кои се изложени на ризик од пренесување на штетни мутации во ДНК митохондриите.

Критичарите  посочија дека нема клиничко истражување за безбедноста на третманот. Сепак, три одделни стручни рецензии за органи утврдиле дека постапките се подготвени да одат напред.

Овој потег за измена на законот за човеково оплодување и ембриологија, кој забранува ИВФ третмани кои влијаат на наследната  „гаметна” ДНА во јајце клетките и спермата, беше спроведена од страна на 382 гласови за и 128 против во Долниот дом на почетокот од овој месец.

Поддржете ја нашата работа: