Eден лајк, куп психологија

Од сите оние статии на социјалните медиуми, буквално може да ве заболи глава.
Вашиот мозок на Фејсбук е чудо. Но, што навистина се случува во таа маса на сива материја додека зјапате, скролате и кликате? Што влијае на синапсите? Што ќе зачувате во меморијата?
Во суштина, каква е психологијата на лајкување на Фејсбук?
Познавањето на менталните процеси зад најпопуларната друштвена мрежа во светот може да ви даде мала предност и да добиете инстант маркетинг моќ. Психолозите ги издвојуваат следниве 5 точки.

ПредходнаСледно

11 1. Лајкот е форма на признание

Зборуваме за признание и социјална интеракција помеѓу две или повеќе лица.
Според д-р Лари Росен, лајкот е пример за т.н виртуелна емпатија, односно способност да се разбере и учествува во туѓа емоционална состојба или контекст.
Кога ќе кликнете лајк, вие сте во комуникацијата со друго човечко суштество. „Гледам. Те разбирам. Јас сум тука”.

1. 1. Лајкот е форма на признание

22 2. Лајкот е форма за стекнување на социјален капитал

Што е социјален капитал? Мрежа на социјални врски кои постојат помеѓу луѓето и нивните заеднички вредности и норми на однесување, кои им овозможуваат и поттикнуваат заемно поволна социјална соработка.
Денес, социјалните врски се случуваат онлајн. Логично следува дека трансакциите за социјален капитал, исто така се онлајн. Секако, заклучок е дека „заемно поволна социјална соработка” се случува кога ќе кликнете лајк.

Ова не е пресилен заклучок. Кога ќе сфатите дека социјалната интеракција се одвива преку интернет, а една од основните алатки за тоа е лајкот, целата дефиниција добива смисла.

2. 2. Лајкот е форма за стекнување на социјален капитал

33 3. Лајкот е показател на вашата личност

Делува едноставно. Ако лајкнете нешто, значи ви се допаѓа. Но, има уште нешто.
Тоа е многу повеќе од само позитивна реакција кон еден пост или ажурирање, лајкот се разви во повратна информација кон самата личност.
Ако ви се допаѓа статус, јавно признавате согласност со едноставно кликање лајк. Испраќате порака дека всушност тоа се вашите ставови, тоа сте вие.
Вие сте она што ви се допаѓа. Ова не е случајна психолошка шпекулација. Всушност, ова е целиот начин на работа зад масовната монетизација на Фејсбук. Рекламите и „news feed“ на вашиот фејсбук се врз основа на она што ви се допаѓа.
Зборникот на Националната академија на науките (PNAS) објави студија со речиси 60.000 корисници на Фејсбук во која се наведени следните заклучоци:

Алгоритамот на лајковите предвидува дали некој е бел или Афроамериканец со 95% точност, дали е хомосексуалец со 88% точност, па дури и партиската припадност со 85% точност. За полот точноста изнесува 93%, а возраста е точно утврдена во 75% од времето.

3. 3. Лајкот е показател на вашата личност

44 4. Лајкот е обид за добивање на психолошки фидбек

Ако лајкнеме нечиј статус или фотографија, имплицинтно го очекуваме истото. Секој сака да добие лајк.
Една статија во „Psychology Today“ го анализира она што малкумина од нас го признаваат. Колку повеќе лајкови добивате, толку посакано ќе се чувствувате.
Ох  – 10 лајкови. Леле – 25 лајкови. Фино – 100 лајкови! Јас сум одличен – 200 лајкови!
Ние сакаме да бидеме сакани, а квантитетот на лајковите е исто толку важен како квалитетот.
Но, што ако не добиеме лајк? Што ако нашиот статус остане незабележан? Таа мала реченица или пост е дел од нас, па кога е занемарена, тогаш може да се чувствуваме лично игнорирани.
„CNet“ ова го објаснува со навистина остри термини:
„Игнорирањето на Фејсбук е психолошки пекол. На крајот на краиштата, не користиме фејсбук за да видиме што има ново, туку да добиеме нешто од суштинско значење за сопствената благосостојба. Од истата причина одиме на забави, излегуваме на пијачка и се дружиме со пријателите. Се работи за психолошки фидбек. Ние сакаме да бидеме ценети, признаени и наградени за тоа кои сме“.

4. 4. Лајкот е обид за добивање на психолошки фидбек

55 5. Лајкот често е замена за подлабоко ниво на интеракција.

Лајкувањето дава многу позитивности, но има и некои негативни аспекти.
Еден таков е ерозијата на подлабокото ниво на интеракција. „Њујорк Тајмс“ го опиша нападот на социјалните медиуми врз нашата култура како „летот од разговорот”.
Лајкувањето е лесно. Тоа е само еден клик. Разговорот е потежок. Вклучува пишување, зборување, контакт со очите и значително време. Односите и разговорите бараат труд и посветеност. Со толку многу пријатели на Фејсбук, тешко е да се направи простор за таков вид на длабоки односи.
Лајкот е форма на социјален ангажман без ризик и обврска. Тоа е врска без обврска.

5. 5. Лајкот често е замена за подлабоко ниво на интеракција.

66 Заклучок

Што може да направиме со овие сјајни психолошки сознанија?

Запознајте ја вашата целна публика – нивните болки, нивните склоности, нивните преференции. Обидете се да дознаете повеќе отколку нивните демографски податоци.

Обезбедете фидбек. Секој сака да биде сакан, па се допрете и поврзете се со вашите следбеници. Дајте им го социјалниот капитал и чувството за потврда.

Фејсбук има повеќе психолошка длабочина отколку што можеме да замислиме. Следниот пат кога ќе кликнете лајк, размислете зошто. Лекциите од вашата само-анализа ќе ви помогнат да го користите Фејсбук како маркетинг алатка.

6. Заклучок
ПредходнаСледно