Ефектите на „фитнес“ храната

Потрошувачите кои внимаваат на тежината често во исхраната вклучуваат чоколади или слични грицки, чие пакување промовира здрав живот и фитнес. Но, според едно неодамнешно истражување, „фитнес брендирањето” ги охрабрува корисниците да јадат повеќе ваква храна и да вежбаат помалку, поткопувајќи ги нивните напори да ја изгубат или да ја контролираат нивната тежина.

Иако храната не е компатабилна со диетата, брендирањето на производот како „фит”, ја зголемува потрошувачката“, пишуваат авторите Јерг Koенгсторфер (Техничкиот Универзитет во Минхен) и Ханс Баумгартнер (Државниот универзитет од Пенсилванија). „

За да бидат работите уште полоши, тие исто така, ја намалуваат физичката активност, бидејќи луѓето ја перцепираат „фит“ храната како замена за вежбање.

Авторите ги испитуваат ефектите од фитнес-брендираните продукти врз потрошувачката и физичката активност кај „воздржаните” јадачи – луѓе кои се хронично загрижени за нивната телесна тежина.

Учесниците во истражувањето добивале закуски означени со „фитнес” или обични.  За „фитнес” закуските да изгледаат поздрави, им била додадена слика од патики или трчање. На учесниците им биле дадени осум минути за да го вкусат и оценат производот. Другата фаза на истражувањето била вежбање на статичен велосипед по закуската.

За оние кои посебно внимаваат на нивната тежина, ефектот на брендирање бил значаен, предизвикувајќи ги да јадат многу повеќе од закуските со ознака „фитнес”. Дополнително, лицата кои изеле повеќе „фитнес“ храна избрале да трошат помалку енергија во текот на фазата на вежбање.

Важно е да се обрне повеќе внимание на фитнес ознаките во маркетингот. На пример, производителот може да понуди ваучери за теретана или совети за вежбање, наместо само етикети или слика на амбалажата. Потсетувањето на потрошувачот дека вежбањето е сè уште потребно, може да го намали негативното влијание на фитнес-брендираната храна“, заклучуваат авторите.

Поддржете ја нашата работа: