Ефектите од радијација

Кога ќе се спомене радијација начесто мислиме на експлодирање на атомска бомба или УВ зрачење кое ни предизвикува рак. Но, ги забораваме секојдневните предмети во домаќинството како микробрановите, мобилните телефони, па дури и радијата кои исто така емитуваат радиоактивни бранови, но со помала фреквенција и енергија.

Секој ден доаѓаме во контакт со мали дози на радијација, но одржувањето на ниско ниво и избегнувањето на погрешниот вид на радијација ни овозможуваат да останеме безбедни.

За да разбереме колку е опасна радијацијата, најпрво мора да ја разбереме разликата помеѓу двата видови на радијација.

Спектарот на електромагнетна радијација вклучува безопасни радио бранови и видлива светлина, како и опасни Х-зраци и гама зраци со повисока фреквенција. Нуклеарната радијација се однесува на каква било форма на радијација емитирана од радиоактивно распаѓање, што вклучува алфа, бета и гама зраци. Овие три специфични видови на нуклеарна радијација, како и Х-зраците и гама зраците од електромагнетаната радијација, се наречени јонизирачки радијации. Одредено количество од нив ја компромитира способноста на нашето тело за регенерација на оштетувањата на клетките, што може да резултира со рак, па дури и смрт.

Многу луѓе се плашат да дојдат во контакт со Х-зраците од ренген машините, па дури и со скенерите на аеродромите, но тие емитираат значително мало ниво на јонизирачка  радијација што за да се достигне опасно ниво би биле потребни повеќе од 1200 дентални  ренгент снимки, на пример. Меѓутоа, големата доза на јонизирачка радијација во краток временски период е опасна.

Сите имаме можност да контролираме на колкава радијација сме изложени, без разлика дали станува збор за нанесување на креми за заштита од сончевите зраци или пак проверка на нивото на радон во нашиот дом.

Поддржете ја нашата работа: