Овој феномен е откриен од страна на холандскиот физичар и научник Камерлинг-Онес Хајке на 8-ми април 1911 година во Лајден. Како феромагнетизмот и атомските спектрални линии, суперспроводливоста е квантно механички феномен. Овој феномен се карактеризира со ефектот на Мајсенер, односно со комплетното исфрлање на магнетните полиња од внатрешноста на суперпроводникот. Појавата на овој ефект покажува дека суперспроводливоста не може да се сфати просто како одлична спроводливост во класичната физика.
Суперспроводливите магнети се електромагнети направени од калеми на суперспроводлива жица. Тие мора да бидат изладени за време на употребата. Во својата суперспроводлива состојба жицата може да спроведе многу поголема електрична струја од обичната жица, создавајќи силни магнетни полиња. Суперспроводливите магнети имаат голем број на предности во однос на резистивните електромагнети. Тие можат да произведуваат магнетни полиња кои се и до десет пати појаки од оние генерирани од страна на обичните електромагнети со феромагнетно јадро, кои се ограничени на околу 2 Т. Полето е генерално повеќе стабилно. Тие можат да бидат помали, а областа во центарот на магнетoт, каде што се создава полето, е празна наместо да биде исполнета со железо. Што е најважно, за големите магнети, тие трошат помалку енергија.
ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусијата на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.