Епидемијата на непознатата болест во 16 век, ги покосила староседелците на денешно Мексико и се вбројува во најлошите епидемии во историјата на човештвото, а новите истражувања дадоа докази дека неа ја предизвикал смртоносен облик за салмонела, која во Мексико ја донеле Шпанските освојувачи.
Кога шпанскиот конквистадор Хернандо Кортез во 1519 година пристигнал во Мексико, бројот на домородните народи кои живееле во оваа област се проценува на 25 милиони. Сто години подоцна, после Шпанската победа, таа бројка паднала на само еден милион.
Епидемијата во Мексико се случила во два наврати, 1545 та и 1576 година, а како последица на болеста, починале измеѓу седум и осум милиони лица.
За причините на оваа епидемија е малку познато, и најчесто станува збор за шпекулации, а помеѓу наверојатните до сега, се споменуваат малите сипаници, големите сипаници и тифус. Во 2002 година е предложено дека вирусната хеморагична треска во комбинација со катастрофалните суши може да бидат одговорни за епидемијата која успеала да стигне до ова население.
Научниците од Институтот Макс Планк во Германија, изведувале и секвенцирале ДНК од остаток на заби на 29 некогашни домородци од денешниот јужен дел на Мексико. 24 од нив припаѓале на првиот бран на епидемија, која траела помеѓу 1545та и 1550 година.
Бактериската ДНК извречена од остатоците на неколку лица, се совпаднала до ДНК заразена со салмонела. Од понатамошното секвенцирање на кратките и оштетени фрагменти на ДНК, научниците реконструирале два генома на видот Paratyphi C. Оваа бактерија денес предизвикува ентерична треска, болест на цревата, слична на тифус, а се јавува во земјите кое се во развој. Доколку не се лекува, стапката на смртност е помеѓу 10 и 15 отсто.
Еден тим на научници собрал последователен геном на овој бактериски вид од остатоци на женски лица, закопани во денешна Норвешка околу 1200 година. Тоа е најран доказ, дека овој денес редок вид на салмонела, бил присутен и во Европа.
Фактот дека постоела салмонела paratyphi С во Норвешка 300 години пред да се појави во Мексико, не е доказ дека Европјаните ја донеле во Мексико, но секако е само едно логично објаснување. Мал број на заразени лица немале никакви симптоми, па е доста возможно дека наизглед здравите Шпанци го заразиле Мексиканското население, кое не развило отпорност на таа бактерија.
Paratyphi C се пренесува преку фекалии, а нарушениот социјален ред во текот на шпанското освојување веројатно допринело до многу лоши хигиенски услови за ширење на салмонела.