Етички кошмар: бебињата направени без мајка ќе ги видиме побрзо одошто мислиме

Кон крајот на минатата година, научниците од Универзитетот во Бат откриле дека сперма и клетка од кожа или било која друга клетка која не е јајце клетка, можеби е сѐ што ви е потребно да зачнете дете.

А денес, водечките ембриолози од Универзитетите Харвард и Браун, ги поттикнуваат нациите да почнат да размислуваат за потенцијалното законско минско поле во кое би можеле да се најдат децата без мајки – пишува „Daily Mail“.

„Иако науката и медицината се движат напред со неверојатна брзина, забрзаната трансформација на репродуктивната и регенеративата медицина би можела да не изненади. Пред да се случи неизбежното, општеството ќе мора да започне и да одржува интензивна расправа за етичките предизвици поврзани со ИВГ (ин витро гаметогенеза).

Јајце клетката може да се „излаже“ и да почне да се развива во ембрион без да биде оплодена, но овие ембриони кои се нарекуват партеногеноти умираат за неколку дена.

Научниците од Бат, развиле метода со вбризгување на сперма во партогеноти на глушец, после што, од поголем дел од нив се развиле здрави младенчиња. На тој начин, створено е здраво потомство, и покрај тоа што се заобиколува нормалниот процес на оплодување на јајце клетката со сперма.

Иако ембрионите во овој експеримент започнале како јајни клетки, експериментот отвора можност еден ден истото да се направи и со возрасните клетки.

3C0E4F8700000578-4110572-image-a-2_1484160091104

Етички кошмар

„Овие работи може да се случат и веројатно е само прашање на време кога“- вели д-р. Адаши од Универзитетот Браун кој го прати развојот на ИВГ- техниката од 2005 година.

Освен што радикално би се олеснило добивањето на деца, оваа техника нуди можност да се интервенира против болести во пред и пост ембионалниот стадиум.

Но, ова може да води и до етички кошмар, доколку, на пример на луѓето им се овозможи да создаваат, а потоа да избираат помеѓу стотина ембриони, за да изберат идеално дете.

„Има нешто загрижувачко во врска со неисцрпниот извор на гамети кои можат да се оплодат во неисцрпен број на ембриони“- вели Адаши.

Здравствени придобивки од ИВГ-техниката

Создавањето на сперма и јајни клетки, без при тоа да има потреба од функционални органи, може да им биде од помош на луѓето кои од некоја причина ја изгубиле репродуктивната способност – на пример заради хемотерапија или болест или некоја повреда.

Со ИВГ би се револуционализирало и вештачкото оплодување, затоа што значително би се зголемиле залихите на јајни клетки. Сега, нивниот раст се поттикнува со лекови, а потоа тие хируршки се собираат во многу мали количини, а процедурата е скапа. Од друга страна, здравите мажи без проблем продуцираат милиони сперматозоиди.  

Но, можноста на евтин начин да се дојде до голема количина на јајни клетки, создадени од отпаднати клетки од кожа или од брис од образ, е тоа што најмногу загрижува, вели д-р Адаши.

Во иднина докторите би можеле да искоренат некои наследни болести дури и пред да дојде до оплодување. Покрај тоа, луѓето би можеле да имаат персонализирани ембрионски матични клетки за други, идни потреби.  

Опасност од избор на ембриони

Сепак, етичките проблеми и понатаму остануваат, особено околу „дизајнираните бебиња“.

Многу луѓе се против користењето на ембриони за истражувачки и терапевтски потреби, а со помош на ИВГ, тоа легално би се правело во секоја лабораторија.

Во најшпекулативно сценарио, со ИВГ би можело да се добие дете само од еден родител, вели д-р. Адаши, така што една особа би донирала и сперма и јајна клетка, па не би имало потреба од другиот родител. Така би се добило дете со гените само од еден родител, што би можело да претставува ризик по здравјето на детето.

И на крај, дури би било возможно луѓето да станат родители без нивна согласност и без  да знаат.

Па дали ваквите дела би требало да бидат прогласени за противзаконски, прашуваат научниците.

Поддржете ја нашата работа: