Еве како цела шума може да мигрира во подобра средина

Миграциите се тешки за сите живи суштества, бидејќи обично се поттикнати кога живеалиштето од некоја причина ќе стане несоодветно за живеење.

Кога станува збор за шумите, тие се сметаат за неподвижни екосистеми – места што претставуваат дом за растенијата и животните.

Сепак, иако изгледа дека е така, шумите всушност може да мигрираат ако е тоа потребно, само што тоа го прават на различен начин и главно се потпираат на среќата дека ќе стигнат таму каде што треба да одат.

Се разбира, ова не значи дека растенијата физички одат, иако банана -дрвото може практично физички да се поместува, но тоа е само разултат на начинот на кој тие се одгледуваат.

Како што објаснува „JSTOR Daily“, повеќето шуми и растенија мигрираат користејќи ја природата како целина и применуваат тактики за да се осигураат дека идните генерации  ќе имаат подобри услови за живот. Главно, тактиките се сведуваат на една работа: распространување на семето. Со цел да се поместат, растенијата треба да создаваат семе, а потоа тоа семе треба да го пренесат некаде каде е посоодветно.

Е, тука е главниот марифет!

Дали некогаш сте се запрашале зошто многу овошки се повкусни кога ќе се земат директно од дрво? Тоа не е затоа што ние со годините сме ги засакале, туку затоа што овошките еволуирале да раѓаат плодови кои другите суштества ќе сакаат да ги јадат и на тој начин нивните семиња ќе можат да се пренесат далеку од нивниот оригинален извор.

Во другите методи спаѓа и распространувањето на семето што паѓа во водите на реките кое со нив се носи многу подалеку или семето носено од ветрот кое паѓа на крзното од животните и на тој начин се распространува.

Сите овие тактики помагаат семето да се рашири на различни локации, со надеж дека дел од ова семе ќе падне и ќе никне во региони кои се идеални како нивен нов дом.

ad9tnjiz-1280

Според една  статија од 1939 година, напишана од биолозите Џон Подзгер и Реј Фрејснер, следењето на вегетацијата може многу да ни каже за климатските промени:

„Вегетацијата е секогаш израз на климата и со менување на климата, големи маси од вегетација се развиваат, напредуваат, се повлекуваат или во поретки случаи исчезнуваат, оставајќи само јагленисани остатоци длабоко во слоевите каде денес има дебел слој од снег и мраз“.

Овој тип на миграции претставуваат долгорочни процеsи за кои се потребни многу години за да бидат завршени. Во поголемиот дел од историјата, ова се одвивало во период од илјадници години, но денеска шумите немаат толку време на располагање, бидејќи температурата расте побрзо од било кога порано.

Но, научниците развиле прилично интензивен начин како да ги натераат да мигрираат побрзо – и тоa со помош на пламенофрлачи.

Изгледа чудно, но пламенофрлачите всушност им помагаат на конзерваторите да ги поттурнат шумите да се „движат“ побрзо – буквално потпалуваќи оган под нив. Овој процес истражувачите го нарекуваат „потпомогната миграција“ и се применува на боровите шуми каде што огнот всушност претставува важен дел од животниот циклус на дрвјата – пишува „ClimateWire“.

Ваков пример е забележен во 2014 година кога биле запалени 24 акри шума во Мериленд, откако претходно биле засадени нови садници во област нешто подалеку од нивната природна клима.

Во основа овие долголисни борови се борат да растат околу другите растенија, така што  пожарите што се предизвикани природно од молња, им помагаат на новите да фатат корен. Така и потпомогнатата миграција им помага на дрвата да се поместат во области кои се надвор од нивното „удобно“ место, на локации за кои научниците сметаат дека во иднина ќе има идеална клима за нив, врз основа на направени компјутерски модели и еколошки студии.

Иако во овој тип на миграција луѓето играат улога, во суштина ова претставува истиот процес како и распространувањето на семето, само со извесна предност, заради намалената конкуренција околу ресурсите.

Значи шумите мигрираат во секој момент, само на начин што ние речиси воопшто и не го забележуваме,

Поддржете ја нашата работа: