Британскиот астрофизичар Стјуарт Кларк, автор на книгата “Unknown Universe“ објаснува зошто некои луѓе сеуште веруваат дека Земјата е рамна.
Што вели тој?
“Очигледно е дека Земјата не е рамна. Тоа може да се провери на многу начини, на пример, кога бродовите го напуштаат пристаништето и полека исчезнуваат позади хоризонтот. Кога ќе се качите на врвот на највисоката кула или рид, гледате повеќе до хоризонтот.
Физиката, се околу нас па и нашата физиономија е создадена во склад со кружна планета, светот е тродимензионален. Дури и кога слики од Вселената докажуваат дека нашиот свет е еден глобус, и натаму постојат луѓе кои веруваат дека Земјата е рамна.
Ние сме човечки битија и сакаме приказни кои даваат смисол на нашиот живот, нашиот свет, па дури и тогаш кога се неразбирливи. Науката сепак вели дека вистината се наоѓа во тврдењата кои можат да се докажат со експерименти. Сепак, постојат теории кои можат да ја егзекутираат науката и целото постоење на Вселената да ја стават под знак прашање.
Таквите теории се доста комплицирани бидејќи луѓето кои веруваат во нив ја одбиваат реалноста, па дури и науката благодарение на митовите во кои веруваат. Во својата приказна се чувствуваат поудобно, митовите ги прават посреќни бидејќи најдобро ги знаат.
Теоријата дека Земјата е рамна е една од нив. Ако навистина верувате во тоа, пробајте да си поставите неколку прашања. Колку тогаш е дебела таа плоча?
Кога кажувате дека земјата има рабови – зарем нешто не би се одронило од тие рабови? Како ја генерирате гравитацијата за да тие паѓаат попреку? Што воопшто ја предизвикува таа гравитација? Рамната површина е доста нестабилна што значи дека некои други сили би ја терале да биде флексибилна и постојано да се движи.
Навистина е воопшто тешко да се зборува како би изгледало доколку е Земјата рамна, бидејќи тоа е невозможно”, заклучува Кларк.