Oхрабрени од одлуките на СЗО, европските парламентарци ја усвоија резолуцијата во која се дава поддршка на употребата на канабис во медицински цели и бараат додатни истражувања на тоа поле.
Замениците ја повикуваат Европската комисија и земјите членки на ЕУ да дефинираат што се подразбира под поимот медицински канабис, како да се спречи злоупотребата, а воедно и да се обезбедат финансиски средства за новата програма истражувања на ефектот на канабисот.
“Истражувањето за примената на канабисот за медицински цели и натаму продолжува”, истакнува Вера Јурова, комесар на Европската комисија за заштита на потрошувачите.
Сеопфатната регулација на лекови базирани на канабис треба да го ограничи црниот пазар и да обезбеди гарантиран квалитет на производот, како и ограничен пристап на малолетните лица до канабисот – сметаат во Европскиот парламент.
Важно е да се дефинира можноста за правна сигурност, како и пристапот на пациентите кои би користеле канабис за медицински цели, со посебни мерки на претпазливост за младитете и бремените жени – се наведува во резолуцијата.
Пратениците во Европскиот парламент веруваат дека има доволно позитивни и задоволителни параметри кои докажуваат дека канабисот има терапевтски ефект кај хронична болка кај возрасните лица, а исто така го ублажува симптомите настанати поради хемотерапија.
Наведено е и дека канабисот дава позитивни резултати при лекување на диспнеа (недостаток на воздух) кај пациенти со мултиплекс склероза.
Според анализите на портали кои се бават со политичка аналитика, најлиберални земји во Европа, кога е во прашање користењето на канабис се Шпанија, Германија, Холандија и Португалија.