Евтин филтер за прочистување на водата од арсен

Неговиот тимот користи подобрена верзија на железо од хикори чипови, наречен „biochar“, за отстранување на токсините. „Biochar“ може да се произведе од различна отпадна биомаса, вклучувајќи земјоделски остатоци, што го прави евтин остранувач на арсенот.

Арсенот  е еден од најчестите загадувачи на животната средина, го контаминира  водоснабдувањето и природните извори,  влијае на милиони луѓе низ целиот свет.   Пронајдено е дека предизвикува и рак. Итно се потребни нови методи за отстранување на арсенот од отпадните води и водата за пиење.

Гао и неговиот тим го опишуваат процесот:
Дрвените чипови се вкопуваат во земја, а потоа се загреваат со азот. Така се добива „biochar“, кој има конзистентност на мелено кафе, а потоа е третиран со солена вода за да се збогати со железо. Тестовите покажале дека обичен „biochar“ нема ефект, но оној со железо ефективно го отстранува арсенот.

Тековните методи за отстранување на арсен вклучуваат врнежи, додавање на вар или коагуланти за вода, користење на мембраните за филтрирање, или користење на процесот за размена на јони. Користењето на филтер за отстранување е еден од најчесто користените методи, поради неговата леснотија на работа, релативно ниска цена и висока ефикасност.

Станиците за прочистување може да  користат големи „biochar“ филтри за отстранување на арсен, додека за домашна употреба, би се вградувале мали филтри во чешмите.

Потребни се дополнителни истражувања за да се оптимизира процесот и развојот на комерцијално достапните филтри.  Истражувањето на Гао е делумно поддржано од Националната фондација за наука.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt