Евтини електроди за производство на водород од вода

Со оваа нова технологија на евтин и ефикасен катализатор за електролиза на водата, дојдовме чекор поблиску до соништата за водородна економија каде што обновливите извори на енергија се чуваат како гас. Оваа технологија исто така нуди и почист извор на водород.

Додека технологијата на батерии прави огромни чекори, постојат силни аргументи за водородот како начин за зачувување на енергија. Во овој модел, научниците користат вишок енергија во сончеви денови за да го поделат водородот преку електролиза и да го зачуваат за да се искористи кога ќе биде потребно.

Една од главните пречки е пронаоѓањето на соодветни електроди за да се направи поделбата на водородот. Постојат ефикасни електроди, но тие вклучуваат оксиди на платинската група метали, како што се иридиум или рутениум за да дејствуваат како катализатори, а тие се многу скапи, особено за голема употреба. Професорот Чуан Жао од Универзитетот во Нов Јужен Велс вели дека истото може да се постигне и со поевтини катоди, но поголем проблем се анодите, кои во моментов можат да бидат или евтини, или брзи, но не и двете заедно.

Тој во „Nature“ го објаснува процесот на галванизација на катализатор од никел и железо на пена од никел. Пената е исполнета со дупки двојно пошироки од човечкото влакно, додека катализаторот формира пори со една четвртина од таа големина. „Три димензионалната градба на електродата значи дека има одромна површина на располагање на којa може да се случи реакцијата со кислородот“, вели Жао.

Покрај тоа, поголемите меурчиња кислород ќе можат лесно да поминат низ дупките во пената, а од друга страна пак, површината е хидрофилна, што значи дека привлекува вода. Потребни се дополнителни истражувања за да се открие зошто металите се толку активни и тоа може да доведе до уште подобри верзии на ова технологија. Но сепак, и оваа е доволно ефикасна за да се размисли за проширување на индустриско ниво. Никелот и железото се едни од најчестите метали на земјата, истакнува Жао.

Системот не е погоден за поделба на морската вода, но Жао гледа светла иднина за разложување на водата во затворени системи или за напојување на автомобили на водород. Тековното производство на водород користи главно фосилни горива бидејќи се’ уште се поевтини од електролизата, но ако овој систем започне да се применува, тоа наскоро може да се смени.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt