Истражувачите сакале да најдат подобар начин за изработка на премази кои ќе бидат нанесени врз површини, за да спроведуваат електрична енергија или да ја претворат енергијата во водородни горива. Вообичаено ваквите премази се изработуваат во поекстремни услови со скапи алатки и материјали. Но истражувачите развиле технологија која им овозможува да го добијат истиот резултат, со користење на обична лампа за загревање. Кога растворот ќе се нанесе на површината и ќе се загрее тој се претвора во каталитички премаз.
Овие премази можат да најдат широка примена во разни технологии како што се флексибилните електрични уреди или за претварање на електричната енергија во водородни горива. Ова откритие, објавено во списанието „Science Advances“, може да биде значајно и електрониката наменета за потрошувачите, како и за технологиите за чиста енергија.
„Фармите за соларна енергија или турбините на ветер не можат да обезбедат константно снабдување со енергија. Складирањето на енергија произведено во услови кога побарувачката на водородни горива е ниска, ќе овозможи таа енергија да биде искористена во услови кога побарувачката ќе биде најголема. Каталитичките премази што сега ги произведуваме можат да помогнат тој процес да биде поевтин и поефикасен“ – велат истражувачите.
Новата техника може исто така да помогне да се намалат трошоците за изработка на електроди со каталитички премаз за комерцијална примена како што се електролизаторите.
“Оваа техника е лесно достапна и погодна за широка примена. Овие материјали може да ги направиме за секоја површина без претходна скапа подготовка“, додаваат истражувачите, објаснувајќи дека овие наоди се надоврзуваат на претходни трудови каде се употребува поскапа УВ светилка за да се направи каталитички филм.