На сите им е познато дека големата бела ајкула е извонреден ловец, која понекогаш напаѓа и луѓе. Но, еве уште неколку интересни факти за ова предатор.
1. Не биле отсекогаш нарекувани „големи“
Пред средината на 1970-тите години, овој предатор бил нарекуван едноствно како бела ајкула. Името „голема бела“ стана гобално популарно благодарение на филмот „Ајкула“(Jaws) од 1975 година и оттогаш се задржа овој назив.
После милиони години „усовршување“ овие ајкули веројатно и ја заслужиле оваа титула.
2. Белата ајкула е „мајстор“ на издржливоста
Овие ајкули можат да поминат неверојатни далечини – над 3.000 км. месечно.Тие можат да препливаат од Тасманија до Нов Зеланд за три недели. Со брзина меѓу три и четири километри на час, овие ајкули се само нешто малку поспори од Олимискиот рекорд, но тие можат да ја одржуваат оваа брзина на повеќе од 100 км дневно, секој ден. Кога ловат, тие можат да достигнат и брзина од 55 км. на час на пократки интервали.
Белите ајкули може да се справат со длабочини и до 1,2 километри, каде притисокот е 120 пати поголем отколку на морското ниво. Тие исто така пливаат и на температури што се пониски од температурата во фрижидерите (3 степени Целзиусови), па до температура од 27 степени.
3. Има причина зошто изгледаат толку страшно кога се спремаат да нападнат
Белите ајкули ги откриваат забите и ги ротираат очите наназад кон главата во моментот кога напаѓаат, но тоа не го го прават за да го исплашат уште повеќе својот плен. Со овие две движења, вилицата и забите се поставуваат во најдобра позиција за напад, но во исто време ги штитат и очите на ајкулата. Ова е особено практично во случаи кога пленот има канџи или сл. и се обидува да го возврати ударот. Кога ајкулата комплетно ќе ги заврти очите наназад, се појавува цврста бела рскавица која служи како штит за органот за вид. Откривањето на забите е со помош на мускулите околу устата кои ги исфрлаат забите нанапред, додека кожата околу устата се здржува назад. Бидејќи ајкулите немаат цврсти коски (имаат ’рскавичен скелет), вилицата на ајкулите е многу флексибилна, а мускулите што ја контролираат се исклучително силни.
4. Тие навистина напаѓаат одоздола
Белите ајкули го напаѓаат својот плен од заседа. Тие крстарат под површината на водата, во потрага по плен што се наоѓа одозгора. Користејќи ја нивната енормно моќна опашка, тие со огромна брзина го напаѓаат и го гризаат пленот.
Обилното крварење што е последица на угризот обично е причина за смрт на жртвата.
5. Забите не им се незаменливи
Иако ајкулите можат да продуцираат стотици заби во текот на својот живот, обично во даден момент имаат помеѓу 70 и 80 функционални заби. Забите во вилиците се поставени во еден ред, со понекој двоен ред во средината на долната вилица. Кога овие ајкули ќе изгубат некој заб, тој се заменува со нов, но тоа не се случува преку ноќ, туку за неколку недели или дури и месеци. Бидејќи забите се извонредно важни за еден предатор, забите кај ајкулите рутински се менуваат, без разлика дали има непосредна причина за тоа или не.
6. Нивниот нос може да детектира електрично поле
Кога го следат пленот, големите бели ајкули не се потпираат само на својот вид. Како и сите други ајкули тие имаат специјални рецептори под својот нос (познати како ампули на Лорензини) со кои ги детектираат исклучително малите електрични полиња со кои се опкружени сите живи суштества.
Овој екстра сензитивен систем не само што им служи на ајкулите да го следат пленот во темница, туку им овозможува да се ориентираат за време на големите миграции, со тоа што им овозможува да го чувствуваат земјиното магнетно поле.
7. Раѓаат големи живи новороденчиња
За репродукцијата на белите ајкули не се знае многу. Тие живеат околу 70 години, а женките ја достигнуваат сексуалната зрелост нешто подоцна од машките ајкули, на околу 15-годишна возраст, а најдоцна, веројатно на околу 30 години.
После оплодувањето, женката положува јајца внатре во своето тело и овие јајца се развиваат и се изведуваат во самата матка на ајкулата. Првата ајкула што ќе се изведе може да ги изеде неоплодените јајца, процес познат како „оофагија“.
После околу една година од бременоста, ајкулата раѓа од 2, па до повеќе од 10 целосно развиени малденчиња со должина од 1,2 до 1,5 метри.
8. За белите ајкули се знае многу малку
За големите бели ајкули малку се знае, не само затоа што живеат во големите океански пространства, туку затоа што ги нема во голем број.