Фер цени на лековите за ретки болести

Новите лекови често имаат многу високи цени, кои компаниите ги правдаат врз основа на скапите истражувања и развој и малиот број на пациенти. Но, високите цени на постоечките лекови не се јасни и оправдани. Оваа студија го разгледува триентинот, терапија од животно значење за Вилсонова болест. Tриентинот беше развиен во 1960-тите години и оттогаш е достапен за користење. Минатата година, производителот неочекувано ја зголеми неговата цена 13 пати, што резултира со годишни трошоци за третман од над 150.000 долари. Подоцна зголемувањето беше поништено.

Канада наскоро очекува нова законска регулатива за лековите, со фокус на идните лекови. Мора да осигураат достапност на лековите за ретки болести.

„Пристапот до основните лекови не треба да биде подложен на цени кои не ги рефлектираат ниту трошоците за развој, ниту наградите за иновации”, пишува д-р Ева Робертс од детстската болница „SickKids“ во Онтарио.

Цените треба да се дефинираат според она што е фер за општеството и канадските здравствени системи и според вистинските трошоци за производство.

Иако анализата се однесува на Канада, ова е реално глобален проблем. Кај нас, често се случува и да ги нема потребните лекови, па тука дополнително влегуваат и трошоците за набавка од странство. Во една од минатите статии пишувавме за трошоците на лицата со хендикеп. Високата цена на лековите неопходни за живот ја влошува и онака лошата ситуација, па можеби би можеле да примениме некои од прописите на развиените земји.

Поддржете ја нашата работа: