Филозофијата на кафето

Дејвид Бернам од Колеџот Тринити во Даблин е филозоф кој ја проучува сложеноста на умот и сетилата. Сега, своето внимание го насочил кон неговиот омилен пијалок и длабоките одговори кои може да произлезат од една шолја кафе. Резултатот ќе биде неговата нова книга – „Филозофијата на пиењето кафе“ (анг. The Philosophy of Coffee-tasting).

Љубителите на кафе може да се посветат и да уживаат во вкусот на своето омилено кафе, но ретко кој би помислил дека некој филозоф би го поминувал своето време анализирајќи ги неговите квалитети.

„Ако го сфатите кафето толку сериозно како што го сфаќам јас – иако сметам дека тоа не е потребно, идејата е да се обидете да дојдете до директното искуство. Кога пиете кафе, со внесувањето на кофеин го стимулирате мозокот и со тоа вашиот ум е во состојба на јасност и разбирливост“, објаснува Бернам.

Начинот на кој различните сетила се мешаат за да ја создадат нашата свесност за нив е познато како „голем проблем“ во невронауката.

„Така, пијам една голтка и се обидувам да го апсорбирам вкусот, а притоа сум свесен за „големиот проблем“ кога ќе помислам како мозокот ги конструира овие различни “квалии“– примери за субјективно доживување кое не може целосно да се изрази со зборови, и го гради нашето свесно искуство“.

Бернам објаснува дека сите видови на кафе имаат нешто заедничко, а тоа е маслото кафеол кое иако сочинува само мал дел од зрното (0,5%), без него пијалокот не би бил препознатлив како кафе. За разлика од кафето, не постои „суштина на чајот“ – чајот е направен од многу состојки. И токму тоа укажува на тоа дека љубителите на кафе и чај се фундаментално различни особи.

Чај-изам наспроти Кафе-изам

Берман предлага дека токму поради тоа, кафето и чајот илустрираат две различни филозофски ставови. Чајот го дефинира начинот на кој многу различни состојки се дополнуваат едни со други (како источниот концепт дека сите суштества се меѓусебно поврзани), додека кафето е дефинирано од една клучна состојка -кафеолот, која се издвојува од другите вкусови (можеби метафора за западната тенденција за граница помеѓу телото и духот).

Но сепак, клучната состојка на кафето може да ве измами. Кога ќе се напиете кафе како да го чувствувате вкусот на кафеолот на вашиот јазик – но тоа е само илузија. Затнете го носот и напијте се повторно. Ќе почувствувате само бледа копија на оргиналниот вкус, а всушност го чувствувате мирисот помешан како вкус.

Берман објаснува дека со децении нашиот вкус се движи од киселкасто и слабо до горчливо и силно. Порано сите кафиња биле попечени и погорчливи, се до првиот бран на идустриски произведени кафиња со покиселкаст вкус. Потоа, дојде вториот бран, воведен од страна на кафулиња како Старбакс, кои повторно го вратија погорчливиот вкус, за потоа третиот бран на традиционални кафулиња и произведувачи повторно да го фаворизираат киселкастиот ароматичен вкус.

Берман смета дека оваа „клацкалка“ помеѓу двете крајности може да илустрира нешто подлабоко за човековата личност. Тој смета дека горчливиот вкус, наспроти ароматичниот, претставува фундаментален ментален тип – припаѓате или на едниот или на другиот, и тешко го разбирате прашањето на вкус на другиот.

„Она што ќе го откриете при пиењето кафе, на многу начини покажува како луѓето не се согласуваат за основни прашања“. Дури и ако оваа филозофија на Берман не ве убеди за вредноста на кафето, пробајте да нурнете во вашите внатрешни доживувања и да го отворите умот за вашите сетила – и уживајте во вашето кафе!

Поддржете ја нашата работа: