Физичарите креираа привлекувачки зрак на вода

Откривме начин како да создадеме бранови кои можат пловечките објекти да ги движат спротивно од движењето на бранот.

 Со помош на пинг-понг топче, тимот истражувачи успеал да ја открие големината и фрекфенцијата на бранот што е потребна  да го придвижи објекот кон саканиот правец.

Самиот бран  сепак не е тој што е одговорен за придвижувањето на објектите.

Според  напредната техника на следење на честички, (развиена од д-р Николас Франсоа и д-р Хуа Чиа) тоа се случува пред се бидејќи брановите генерираат струење на површината на водата, кое со вртење го движи топчето.

Над одредена висина, овие сложени тродимензионални бранови создаваат патеки на движење на површината на водата. Привлечниот зрак е само еден од тие патишта кои можат да бидат насочени спрема центарот, спрема надвор или пак да бидат вртложни.

„Секој може да ги повтори овие експерименти во када, но не постои математичка теорија со која можат да се објаснат“вели д-р Панзман

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt