Нашето моментално разбирање за универзумот вели дека со него управуваат четири основни сили – гравитацијата, електромагнетната сила и слаби и силни нуклеарни сили.
Но, сепак постојат знаци за петта сила, и доколку постои, ќе бидеме во можност не само да ги пополниме преостанатите дупки во Ајнштајновата теорија за релативност, туку и ќе треба повторно да размислиме за начинот на кој делува универзумот. Сега физичарите најпосле се досетиле како да го потврдат нејзиното постоење.
Четирите горе наведени сили на природата се она што го држи стандардниот модел на физиката заедно, она што го користиме за да ги објасниме и предвидиме однесувањето на честичките и материите во нашиот универзум.
На најмалиот крај на скалата се двете нуклеарни сили – силната нуклеарна сила е онаа која ги држи атомите во место, додека слабите нуклеарни сили им овозможуваат на атомите радиоактивно распаѓање.
Гравитацијата и електромагнетната сила се на повисокиот крај на скалата. Електромагнетната сила е потребна за да се држат заедно сите молекули, додека гравитацијата е задолжена за да ги заштити галаксиите од распаѓање.
Сето ова е уредно и логично, но има еден проблем – на многу начини гравитацијата некако се издвојува од овие важни сили.
Гравитацијата е единствена од четирите фундаментални сили, која луѓето сеуште не научиле да ја произведуваат и контролираат. Исто така, таа објаснува се што би требало да се објасни, многу студии покажале дека во универзумот постојат повеќе гравитации отколку што сите видливи материи можат да произведат.
Ентитетот кој го користиме за да ја објасниме противречноста, привремено наречен темна материја, не помогнал многу, бидејќи сеуште не успеавме да го пронајдеме ниту со најдобра технологија. Како што не успеавме да откриеме што всушност е темната материја, некои физичари дадоа контроверзен предлог да се исфрли гравитацијата како основна сила.
Но, наместо да исфрлиме една од основните сили на природата со надеж дека тогаш природата ќе има повеќе смисла, што ако додадеме петта сила која ги спојува гравитацијата со другите сили на начин на кој воопшто не сме очекувале?
“Ајнштајновата теорија ја објаснува гравитацијата убаво, но има многу докази кои укажуваат на голем број на дупки во неа”, вели Андреа Хез, директор на галактичките групи во Универзитетот во Калифорнија.
“Самото постоење на супермасивните црни јами ни кажува дека нашите сегашни теории за начинот на кој работи универзумот се несоодветни во објаснувањето на вистинската природа на црните јами.”
Хез и нејзиниот тим започнаа лов по таа хипотетички петта сила на природата, и велат дека најдобро место каде би можела да се побара е некаде во универзумот, каде влијанието на гравитацијата е многу силно.
Тимот е посебно заинтересиран за овој настан кој би требало да се случи идната година, кога ѕвездата S0-2 ќе се приближи повеќе од кога и да е пред супермасивната црна јама во средината на галаксијата, и ќе биде привлечена со максимална гравитациона сила.
“Ако гравитацијата е раководена од нешто друго, различно од теоријата на релативитет на Ајнштајн, ќе видиме мали варијации во орбитите на ѕвездите”, изјави Хез.
Ова не е прв пат научниците да бараат петта сила на природата. Така минатата година еден друг тим на научници детектира знаци на нејзиното влијание во енергетскиот потпис на новите субатомски честички.