Физичката активност им помага на пациентите заболени од рак

Физичката активност или било каков вид на вежбање има низа позитивни ефекти на здравјето. Со вежбање можете да го поправите своето расположение, да симнете вишок килограми и да го намалите ризикот од многу болести како што се дијабетес, срцеви проблеми и слично. Сепак се чини и дека вежбањето може да им помогне на пациентите кои се заболени од рак.

Имено, истражувачите од Онколошкото клиничко здружение во Австралија (COSA) се убедени дека вежбањето е доста важен дел од терапијата кај заболените од разни видови на тумор.

Наместо за време на лекувањето да ги намалат своите активности, научниците препорачуваат пациентите да продолжат со физичките активности. Така советуваат за пациентите би требало околу 150 минути неделно да посветат време на некој вид физичка активност која за нив не е толку напорна.

Се препорачува пешачење, трчање, возење на велосипед и слично. Советуваат и два до три пати неделно да учествуваат во тренинзи за издржливост, како на пример, кревање на тегови.

Советите доаѓаат после едно долгогодишно истражување за тоа како физичката активност може да го подобри животот на пациентите заболени од рак. Во истата студија се вели дека пациентите кои вежбаат го намалуваат стресот и заморот, додека оние кои не вежбаат одат на хемотерапија.

Физичката активност е добра бидејќи ги намалува несаканите ефекти кои настануваат при лекување на туморот, ја намалува можноста од развој на нови болести, а кај некои заболувања дури може да ја намали можноста од смртоносни последици.

Но, таквата процедура не е баш вообичаена. Затоа COSA им препорачува на онколозите да им даваат на пациентите упати за советување со психолог и физиотерапевт, кои ќе го испланираат распоредот на вежбање и ќе ги поттикнат да се се придржуваат на истиот.

Поддржете ја нашата работа: