Физикалната терапија и инекциите имаат ист ефект во третманот на болно рамо

За третман на оваа состојба не постои стандардизирана терапија. Пациентите најчесто се упатуваат на физикална терапија, им се препорачуваат вежби, а поради болките и воспалението, кое понекогаш е присутно кај ваквите состојби, многу често во третманот се препорачуваат стероидни инекции.

Доналд И. Рон и неговиот тим направиле едно истражување во кое ги споредиле ефектите од физикалната терапија и стероидните инекции. 104 пациенти со ваков тип на болка по случаен избор биле поделени во две групи. Едната група примала физикална терапија два пати неделно во рок од три недели. Покрај тоа им биле препорачани и вежби во домашни услови.

На пациентите од  другата група им биле препорачани до три инекции кортикостероиди во период од една година. Исто така и тие добиле лесни вежби кои ги изведувале дома.

И двете групи покажале значително подобрување на симптомите после еден месец.

До крајот на годината, 60 проценти од тие што примиле стероиди повторно побарале помош од своите матични лекари, а само 37 проценти од тие што примиле физикална терапија. Групата што примила инекции, најверојатно ќе добие уште инекции или дополнително и физикална терапија.

Истражувачите не се изненадени што и инекциите и физикалната терапија делувале скоро подеднакво ефикасно. Намалувањето на болките што го обезбедуваат инекциите понекогаш не трае долго и бара повеќе третмани. Од друга страна, физикалната терапија овозможува почест директен контакт на пациентите со докторот, што им овозможува на пациентите да добијат повеќе совети за тоа како полесно да се справат со состојбата.

Кај некои пациенти, стероидните инекции  даваат подобар резултат од физикалната терапија и обратно, но тоа секако треба подетално да се испитува – заклучуваат истражувачите.

 
ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt