Физиката на сообраќајните несреќи (ВИДЕО)

Постои причина поради која бензинот е толку присутен во нашата глобална економија – само 1 литар содржи 56 мегаџули енергија (1 мегаџул е еднаков на 1 милион џули), што претставува повеќе енергија отколку експлозијата на иста количина на ТНТ. Па, што се случува кога нашите автомобили ја претвораат таа хемиска енергија во кинетичка енергија, а потоа се забиваат во други автомобили или предмети со слична цврстина? Најновата епизода на „MinutePhysics“ го објаснува тоа.

Додека 80% од целата кинетичка енергија од горивото се губи во форма на топлина додека возиме, останатите 20% се доволни за напојување на нашите патувања. 20% од 56 милиони џули се 11 милиони џули – а тоа е многу енергија. За полесно да си го замислите тоа, потребни се околу 5 мали лажички гас за еден автомобил од 2 тони да се забрза до 60 км/ч, а потоа ќе биде потребна уште околу ⅓ чаша за секоја понатамошна минута возење. Возењето со брзина од 60 км/ч можеби не ви изгледа многу, но тоа е еквивалентно на фрлање на диносаурус од врвот на трикатна зграда.

Но, што се случува кога ќе го запрете автомобилот? Целата таа енергија мора да оди некаде, а каде ќе оди зависи од начинот на кој ќе го запрете автомобилот. Кога нормално ќе запрете со помош на сопирачките, енергијата се ослободува преку нивното загревање. Ако на пример се удрите во дрво, енергијата се троши со виткање и згмечување на металот. А со оглед на тоа дека повеќето автомобили имаат предница од само околу 50 сантиметри, треба да им се заблагодариме на инженерите кои ги дизајнирале на тој начин за различните големини и структури на металот да го задржат влијанието од ударот доволно кратко за да не изложат на што е можно помал ризик од повреди.

Поддржете ја нашата работа: