Сега, истражувачите сметаат дека откриле како го прават тоа. Фоките го користат магнетното поле на Земјата како природен „GPS“. Тие сметаат дека овие животни имаат високо развиен природен систем за навигација. Ако оваа хипотеза се покаже точна, тоа ќе биде прв доказ за постоење на таква особина кај морските цицачи.
Прашањето за навигацијата на фоките не е само академско. Тоа е прашање на живот и смрт за овие животни, на кои, како и на останатите цицачи, им е потребен кислород за дишење и покрај тоа што живеат во претежно водена средина. Времето поминато во барање на нов отвор, каде што би испловиле на површината после секое нуркање, не само што е непродуктивно, со оглед на тоа колку енергија им треба за пливање и ловење, туку и опасно, бидејќи ако не успеат да најдат отвор во мразот ќе се удават.
Идејата дека фоките можат непогрешно да ги следат магнетните линии поттекнува уште од крајот на 1990-те години, кога тим од истражувачи почнале заедно да работат на Антарктикот. Уште од самиот почеток биле вчудовидени од податоците дека фоките со неверојатна прецизност се враќаат на местото од каде што се нурнале.
За да одреди дали фоките ги користат магнетните линии за да го најдат патот до дома, тим од истражувачи во следните три години ќе работи со мала група на Веделови фоки. Секое животно ќе биде опремено со видео камера и со снимач на податоци и ќе биде пуштено во три делови од областа „McMurdo Sound“на Антарктикот каде што истражувачите имаат направено прецизна мапа на магнетното поле.
Дали е можеби во прашање нешто друго?
Истражувачите сметат дека овие фоки користат и други стратегии што им овозможуваат со леснотија да ги лоцираат отворите во мразот. Една од тие е можноста за „пилотирање“, односно како ориентација да ги користат подводните визуелни карактеристики на пукнатините во мразот. Следната година, истражувачите ќе се вратат на Антарктикот во август, кон крајот на арктичката зима, кога се’ уште има 24 часовен мрак, што значи дека истражувањето во услови кога нема светлина ќе ја исклучи можноста за „пилотирањето“. Целта е да се одвои „пилотирањето“ од навигацијата, велат истражувачите.
Друго сетило што може да игра улога е слухот. Фоките може да добиваат звучни сигнали од другите фоки за локацијата на отворите. Во таков слушај, истражувачите ќе користат хидрофони за прецизно да ја означат насоката на таа вокализација.
„Способноста да патуваат со голема сигурност помеѓу ретките отвори што им служат за дишење е круцијална за да можат да живеат под мраз. Ние се обидуваме да исклучиме што е можно повеќе од способностите за ориентација кај овие животни и да се фокусираме единствено на способноста за навигација“, објаснуваат истражувачите.
Статијата е објавена во „Live Science“.