Фосили од пчели – индикатор за климатски промени

Природниот течен катран од земјата, во областа на денешна Јужна Калифорнија, успеал со милениуми да сочува фосили од големи и мали животни, обезбедувајќи им на научниците примероци погодни за истражување.

Ана Холден, истражувач од музејот „Пејџ“ (анг. Page Muzeum) во Калифорнија, ги анализира фосилните остатоци од пчели што се наоѓаат во асфалтното езеро со цел да откриe каква била климата и локалните живеалишта.

За разлика од големите цицачи на пример, кои можеле да дојдат во Ла Бреа од Јужна Америка, инсектите имаат многу ограничен опсег на движење. Податоците што се добиваат со нивна анализа даваат детални информации за нивното непосредно опкружување. Тие имаат многу специфични животни навики и живеалишта.

Фосилите се испитувани со микро КТ скенер. Утврдено е дека живеалиштата на пчелите биле многу потопли од очекуваното, што доведува до заклучок дека на крајот од Леденото доба, пред околу 11 500 години, таа област не била покриена со снег и лед, како што претходно се претпоставувало.

 

„Со можноста да се разберат климатските промени во минатото, се овозможува и да се сфатат климатските промени што се случуваат денес. Климатските промени претставуваат голем проблем на денешницата, а инсектите се најчесто добар индикатор“вели Ана Холден.

 

Таа исто така смета дека овој труд би можел да им биде од корист на пчеларите во решавање на проблемот со уништувањето на пчелните семејства, со тоа што, на пример, би се преориентирале кон одгледување на пчели поотпорни на климатските промени.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt