Во студијата објавена во магазинот „Nature“, е опишано како научниците ја следат невронската активност во дендритичните нервни разграноци кај глувците додека учеле моторни задачи како што е одење напред и назад на мала подвижна трака.
Тие заклучиле дека генерираните калциум јонски шилци, кои се појавиле на мониторот во облик на мал „удар на гром“ во дендритите, се поврзани со зајакнување или слабеење на врските меѓу невроните, обележувајќи го учењете на нови информации. Овој „удар на гром“ предизвикува синџирна реакција, која ја менува јачината на врската меѓу невроните.
Исто така, идентификуван е уникатен клеточен тип во мозокот кој контролира каде ќе се генерира „громот“. Кога овие клетки биле исклучени, гром моделите во мозокот биле нарушени и како резултат на тоа, животните ги загубиле тукушто научените информации.
Студијата дава важен увид во тоа како мозокот се справува со огромните количини на информации и континуирано учи нови.
„Ние веќе долго време се прашувавме како мозокот може да складира нови информации континуирано во текот на животот без попречување на претходно стекнатите спомени. Сега знаеме дека генерираните калциум шилци во одделни гранки на нервните клетки се од клучно значење во мозочното кодирање и складирање големи количини на информации, без да се мешаат едни со други”- истакнуваат авторите.
Откритијата би можеле да имаат значајни импликации за објаснување на основните невронски проблеми кај нарушувањата како аутизам и шизофренија. Всушност, следните чекори на тимот се да се види дали калциум јонските шилци се дефект кај животински модели со овие невролошки нарушувања.