Овој метод, наречен фрактална Фуриерова анализа, е заснован на нова гранка од математиката наречена фрактална геометрија. Може да им помогне на научниците да ги разберат сложените сигнали кое телото ги оддава, како што се нервните импулси или мозочните бранови.
„Овој метод отвара целосно нов начин за анализирање на сигналите“, објаснува проф. Мајкл Барнсли кој ја претставил неговата работа на конференцијата за нови правци во фракталната геометрија, одржана на Австралискиот Државен Универзитет.
„Фракталната геометрија е нова гранка од математиката која го опишува светот онаков каков што е, наместо да се преправа дека светот е направен од прави линии и сфери. Во природата има многу малку прави линии и кругови, формите се всушност груби“.
Новиот метод на анализа е тесно поврзан со конвенционалната Фуриеова анализа, која е составен дел на модерната обработка на слики и обработката на аудио сигналот.
Работата на проф. Барнсли се заснова на работата на Карл Виерстрас од 19-тиот век, кој открил фамилија математички функции кои биле континуирани, но не можеле да се разликуваат. Тој вели дека може да се постигне огромен напредок со ослободувањето од стегите на континуитетот и различноста.
„Телото е полно со повторувачки структури како системот за дишење, крвотокот, подредувањето на клетките на кожата, па дури и ракот, сите тие се фрактални“.
Сметаме дека работата на проф. Мајкл Барнсли ќе дојде до израз во наредните години кога суперкомпјутерите, посебно кога биолошките компјутери кои ќе имаат можност за складирање и процесирање на аналогната меморија ( за која пишувавме ), ќе почнат со работа изработувајќи досега невидени алгоритми и анализи на системи, што за сега се премногу стохастични, за воопшто и да се размислува за каков било обид да се анализираат и разберат.