Франција и Индија ќе ги здружат силите за да слетаат на Марс

Минатата недела Франција и Индија потпишаа писмо на намери, во кое се истакнува дека двете земји ќе соработуваат на следната мисија на Марс што ја планира Индија.

Оваа мисијата што е планирана за 2020 година ќе опфаќа испраќање на сателит во орбитата околу Црвената планета и ќе биде втората индиска мисија на Марс во историјата.

Иако орбитерот во 2020 година нема да постави лендер на Марс, претседателот Националниот центар за вселенски истражувања на француската вселенска агенција (или ЦНЕС), изјави дека Индија не е далеку и од таква мисија.

Во историјата на длабоките вселенски истражувања, само три вселенски агенции се обиделе да постават лендер на Марс: Советската вселенска програма, НАСА и Европската вселенска агенција.  

Од овие три агенции, единствено НАСА има лендери кои функционирале повеќе од 15 секунди после спуштањето. Фактички, последниот лендер на НАСА, роверот „Opportunity, тукушто прослави 12 години истражување на површината.

Непотребно е да се каже дека испраќање лендер на Марс е огромен потфат, но со партнер како што е Франција, Индија би можела да го оствари тоа.

ЦНЕС, основан во 1961 година, учествувал во дизајнирањето и изведбата на пионерски мисии како леталото Розета на кометата 67P / Чурјумов-Герасименко и лендерот Фили, како и мисијата Касини-Хајгенс, која ја вклучуваше атмосферската сонда Хајгенс, што беше спуштена на Титан – месечината на Сатурн.

Текстот е објавен во „Business Insider“.

Поддржете ја нашата работа: