Генетски модифицирани спортисти

Настрана етичките дилеми во врска со вакви истражувања, ова неминовно го покренува прашањето – до каде може да се оди во „дотерувањето“ на нашите гени?!

Кинеските научници ја користеле техниката наречена „CRISPR“, а резултатите не биле спектакуларни – само четири од 86-те јајце клетки биле успешно модифицирани, но и покрај ова, професорот Џорџ Черч од Универзитетот Харвард верува дека за пет до седум години ќе биде возможно да се отсечат и заменат делови од  ДНК за генетски да се модифицираат бебињата.

Но, дали вакви истражувања треба воопшто да се прават? И како родители кои бараат начин да им обезбедат подобра иднина на своите деца, што е тоа што треба да го  сметаме за прифатливо?

Дизајнирани бебиња

Во 1988 година, докторите од болницата Хамерсмит во Лондон, за прв пат изведоа процедура наречена „преимплантациона генетска дијагностика“ (PGD), која на докторите би им овозможила „дизајнирање“ на бебе кое нема да ги носи гените на некоја наследна болест. Оваа процедура започнува со ин-витро оплодување и им овозможува на родителите да ги тестираат своите ембриони и да се осигураат дека не носат некој „фаличен“ ген, пред да бидат имплантирани во мајката. После првото бебе родено во 1988 година, уште околу 12 000 други бебиња се родени со помош на оваа техника. Се очекува дека користењето на „PGD“-техниката ќе се зголеми во блиска иднина и се предвидува дека ќе се користи редовно исто како и амниоцентезата – уште една пренатална процедура, која се користи за откривање на аномалии на фетусот.

Идејата дека треба да поминат месеци па дури и години за паровите да зачнат дете, па уште месеци во надеж дека се ќе биде во најдобар ред, еден ден може да изгледа како чудна, речиси заостаната практика на една примитивна култура.

Дизајнирање на спортисти

Изборот на ембриони со одредени гени им дава можност на родителите да донесуваат одлуки за генетскиот состав на нивните деца. Дали оваа техника наскоро ќе почне да се користи, не само за да се избегне пренесувањето на несаканите гени, туку и да се дизајнираат деца со посебни карактеристики – на пример, со атлетски способности?

Ова не е научна фантастика. Родителите веќе ја користат „PGD“-техниката да го одберат полот на нивното неродено дете. Во 2009 година, една американска клиника отиде чекор понатаму и најави нова услуга што ќе им овозможи на родителите да изберат неколку физички карактеристики за нивните бебиња (оваа понуда подоцна беше повлечена).

Компанијата за персонална геномика и биотехнологија  „Х23andMe“, е исто така подготвена да даде свој придонес во процесот на дизајнирање на бебиња, преку нивниот т.н. „Семејни карактеристики; Калкулатор за наследување“. Во 2013 година оваа компанија доби патент за еден процедура која им овозможува на идните родители:
„(…) да изберат донор и да ги видат можните фенотипови на детето што би се добило со спојување на гаметите на примателот и донорот – како на пример, толеранцијата на лактоза, мускулни перформанси и кој било друг соодветен фенотип“.
Исто така, постои можност директено да се побара одговор на:
„(…) од кои донатори од оваа база на донатори, кога генетскиот материјал би се споил со мојот, има најголеми изгледи да даде дете, кое ќе биде повисоко и ќе трча побрзо од родителите?“  

Но, компанијата брзо негираше дека планира фактички да понуди можност за избор на гамети од донаторите и се обиде да ги убеди критичарите дека нејзиниот калкулатор нуди само:
„(… )начин (…) да видите какви карактеристики вашето дете може да наследи од вас“.

Можеби се’ уште не сме во фаза кога идните родители седнати пред каталог го „дизајнираат“ сопственото дете преку листа од посакувани атрибути, но, не е тешко да се замисли таков каталог во догледно време. Здравјето и интелигенцијата би биле на првата страна, убавината на третата, а атлетските способности на задната.

Основен недостаток на сите овие техники е тоа што гените може да се избираат само од оние што ги поседуваат донираните јајце клетки и сперматозоиди. Сегашните ограничувања во бројот на ембриони кои можат да се продуцираат и да се тестираат при една „PGD“ процедура, исто така ќе го намали бројот на карактеристики што родителите ќе можат да ги изберат за еден ембрион.

Овие ограничувања, веројатно ќе ја зголемат потребата од генска терапија. Ако генската терапија успее да заживее, како што се верува, родителите ќе можат да ги одберат посакуваните атлетски особини со внесување на колку сакаат гени во нивните ембриони, а веројатно и гамети (јајце клетки и сперматозоиди).

И уште еднаш – ова не е научна фантастика. Како што е опишано погоре, проектите за овие техники се веќе во развој, но подигањето на истражувањата на повисоко ниво ќе биде спорно.

Ограничувања во истражувањата

Минатиот март, некои од најпознатите светски генетичари објавија коментар во списанието „Nature“ и бараа да се прогласи мораториум на истражувањата за генетска модификација на клетките кои можат да формираат човечки ембрион.

Но, не се противат сите на идејата за модификација на човечкиот геном. Американскиот биолог Џејмс Вотсон , кој заедно со британецот Френсис Крик, во 1953 го потресоа светот со своето откритие за структурата на ДНК, ја поддржува генетска манипулација со цел создавање на луѓе што ќе бидат поинтелигентни и поубави.

Едно истражување од 2009 година, направено од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Њујорк, покажало дека 10% од анкетираните родители би одобриле генетско тестирање за да се осигураат дека нивното дете ќе биде талентирано за спорт.

Пет години подоцна, анкетата спроведена на 1 001 Америјанец, покажала дека 26% чувствувале дека би било добра „кога идните родители би можеле да ја изменат ДНК-та на нивните деца, за да тие бидат попаметни, поздрави и појаки“.

Се разбира има уште многу пречки што треба да се надминат пред бебињата предодредени за спортисти да станат реалност. И покрај 30 –годишните истражувања, се’ уште малку се знае за тоа кои гени придонесуваат за спортските успеси (иако истражувачите, меѓу кои и Универзитетот Викторија во моментов работат на тоа).

Исто така, постојат и многу технички, безбедности и морални проблеми што треба да се решат пред да може генските тестирања и изборот на гени да им станат достапни на родителите што сакаат потомците да им бидат спортисти.

Минатото, сепак, покажува дека националните граници, високите трошоци и легислтивата специфична за секоја земја, нема да ги запре некои родители да најдат начин да ги остварат своите репродуктивни желби.

Поддржете ја нашата работа:
Ви благодариме за секоја ваша поддршка и донација