Гените или опкружувањето? Што повеќе влијае на интелигенцијата?

Дали со напорна работа и посветеност ќе постигнете подобри оценки, или наследената интелигенција, а не тоа колку учите, ќе ве направи „попаметни“, е  прашањето околу кое учителите и учениците се расправаат со децении. Но, еве што вели науката за тоа како нашите гените или средината влијаат врз интелигенцијата.

Гените

Според написот што беше објавен во „Second Nexus“, гените кои се поврзани со интелигенцијата се наоѓаат во Х-хромозомот и бидејќи жените имаат два вакви хромозоми, а мажите еден, жените најверојатно придонесуваат повеќе за севкупната интелигенција на потомството. Ова можеби не е сосема точно: интелигенцијата е многу посложена отколку едноставното наследување на „паметни“ гени, иако гените играат голема улога во создавањето на гениј.

На пример, минатата година, истражувачите од Кралскиот колеџ Лондон откриле дека генетската предиспозиција е одговорна за 54 до 65 проценти од разликите што ги постигнуваат децата на тестовите. Ова значи дека надворешните фактори – како тоа во какво училиште учат и каква е домашната средина во која живеат, се одговорни за само 12 до 21 проценти од тие разлики во постигнатите резултати.

Покрај ова, според тврдењата на едно истражување од 2013 година, постојат 10 мали мутации во нашата ДНК кои придонесуваат за образовните достигнувања на луѓето. Иако секоја мутација е одговорна само за околу 0,02 проценти од интелигенцијата на поединецот, заедно сите мутации може да придонесат за околу 20 проценти од интелигенцијата на една личност.

school

Животната средина

Иако е јасно дека интелигенцијата на детето во голема мерка зависи од родителите, начинот на кои тие го воспитуваат детето може да биде исто толку важно, колку и тоа кои гени им ги пренеле.

На пример, едно истражување од 2012 година, спроведено од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, покажало дека грижливоста на мајката значително придонесува за можната интелигенција на детето. Истражувачите забележиле дека децата чии мајки од рано почнале да ги воспитуваат имаат поголем хипокампус – дел од мозокот кој е одговорен за учењето и меморијата.

Други истражувања укажуваат дека свирењето на некој инструмент уште од раните години на животот може да биде силен предуслов за академски успех. Во 2014 година, истражувачите од Универзитетот во Торонто откриле дека мозокот кај музичарите е поактивен од мозокот на луѓето кои не се музичари и тие биле подобри на когнитивните тестови.

Поддржете ја нашата работа: