Германија и Русија во борба против резистентната леукемија

Шансите за лекување на пациентите со хромозом Филаделфија -позитивна леукемија (Ph+) во последните години значително се зголемија. Сепак, голем број од пациентите развиле резистенција на постоечките лекови. Сега, хематолозите од Универзитетот Гете во Франкфурт во соработка со руска фармацевтска компанија успеаја да развијат активна супстанција која покажува одлични резултати во борбата со најагресивните форми на оваа болест.Ова е објавено во списанието „Leukemia“.

Пациентите со Ph+ леукемија, развиваат или хронична миелоидна леукемија (CHL) или акутна лимфатична леукемија (Ph+ ALL). Ова се првите две форми на леукемија кои можe да се лекуваат како резултат на таргетираната молекуларна терапија. Селективната инхибиторна активна супстанција на киназата делува директно на генот „BCR/ABL“ кој е одговорен за оваа состојба. Сепак, по извесно време третманот станува неефикасен за многу пациенти паради мутација на генот, или поради други засега непознати механизми. Во моментов постои само една супстанција, „Ponatinib“, која успева да ги надмине скоро сите форми на клиничка резистенција. За жал „Ponatinib“ мора да се користи со исклучителна внимателност, поради некои несакани ефекти кои можат да го загрозат животот.

Фармацевтскта компанија „Fusion Pharma“, лоцирана во Москва, во соработка со хематолозите, разви нов инхибитор на киназа, „PF-114“, кој е подеднакво ефикасен против  Ph+ леукемијата како и „Ponatinib“, но со значително намалени несакани ефекти.

„Добрите ефекти што ги покажува „PF-114“ се добра основа за да почне да се применува кај пациенти со резистентни форми на  Ph+ леукемија. Во првата половина на 2015 година би можела да започне и меѓународна фаза на клиничко тестирање“, објаснува д-р Гермес Чилов, извршен директор на „Fusion Pharma“, која го финансира проектот.

Поддржете ја нашата работа: