Гласајте за вашиот омилен фосил од 2016 година

Научното списание „PLОS One“, за своите читатели организира гласање за најдобри фосили од ‘рбетници откриени оваа година. Оваа широка категoрија ги опфаќа рибите, птиците и секако диносаурусите. Единствен критериум е откритието да е направено оваа година и да има ‘рбет. Најдобрите десет ќе бидат презентирани на годинешниот состанок на Друштвото на палеотолози на 27-ми октомври.

„PLOS One“ е во потрага по најзначајните научни откритија, а читателите се охрабруваат при гласањето да ги земат во обѕир комплетноста на откритието, темелноста на описот, како и значењето што го има откритието како помош за истражувачите во разбирањето на еволутивните релации.

Во продолжение ви  претставуваме листа од десет најнеобични фосили откриени изминатава година.

 

 

 

 

Xenokeryx Amidalae

1

Изумрениот предок на жирафите и камилите „Xenokeryx Amidalae“ (или „Чуден рог) е именуван по Падме Амидала, лик од „Војна на ѕвездите“, заради неверојатната сличност  на додатокот на тилот на „Xenokeryx“, со фризурата на овој лик во „фантомска закана“.

Allkauren koi

2

Кога беше откриен „Allkauren koi“ (што на јазикот на домородното население каде е откриен значи „древен мозок“), палеонтолозите кои го открија беа восхитени од тоа колку добро бил сочуван черепот, што им овозможило увид во структурата на мозокот на предаторот и можност да му се восхитуваат на неговите бизарни заби.

Microleo attenboroughi

3

Иако изгледа како некој вид чуден лемур, „Microleo attenboroughi“ (или „мал лав“) е торбар, далечен роднина на големите мачки. Именуван е во чест на Дејвид Атенборо за неговиот придонес во промоцијата на историјата на природата.

Murusraptor barrosaensis

4

Примерокот од „Murusraptor barrosaensis“ што беше откриен од палеонтолозите е долг околу 8 метри, а сѐ уште бил младенче, што го прави многу поголем од познатиот велосираптор. И покрај тоа, неговите колкови биле шупливи, многу слично како модерните птици.

Atopodentatus unicus

5

„Atopodentatus unicus“  или „Ексцентричен заб“ ) изгледа како жива правосмукалка. Тој е најстариот познат морски цицач што се хранел со растенија –  ризично во тоа време, со оглед на тоа дека повеќето животни биле месојади.

Sarmientosaurus musacchioi

6

Постојат многу откриени големи титаносауруси, но „Sarmientosaurus musacchioi“ (или „гуштерот од Сармиенто – според градот во чија близина беше откриен), е еден од ретките примери кога главата е добро сочувана и која покажува дека била необично мала за суштество со негова големина.

Albicetus oxymycterus

7

Фосилните остатоци од „Albicetus oxymycterus“ (или „Бел кит“, што упатува на Моби Дик, заради дефомираната вилица) се на листата од оваа година, иако Смитсонијан ги поседува од 1925 година. Примерокот бил првично класифициран како морж, но истражувачите повторно го истражија оваа година.

Machairoceratops cronusi

8

Палеонтолозите што го откриле и го именувале „Machairoceratops cronusi“ навистина сакале да привлечат внимание на неговите чудно свиткани рогови. Името на овој вид значи „лице со свиткани рогови како меч“, додека „cronusi’ се однесува на грчкиот бог Крон, кој често е прикажан како носи коса.

Morelladon beltrani

9

Палеонтолозите кои го откриле „Morelladon beltrani“ (или „забот на Морела) веруваат дека високите испакнатини на грбот му служеле да ја регулира својата телесна температура и за среќа не биле доволно високи за да го превртат при силен ветер.

Probrachylophosaurus bergei

Undated handout illustration courtesy of paleoartist John Conway shows the Probrachylophosaurus bergei dinosaur. REUTERS/Courtesy of John Conway/Handout via Reuters

„Probrachylophosaurus bergei“ е еден од најраните диносауруси кои имале уста како патка, а откривачите се надеваат дека ќе им помоне да дознаат како се развилa „шарената кожа“ на главите кај подоцнежите видови. Заради неговото долгнавесто лице по откривањето го добил прекарот „Супер патка“.

Поддржете ја нашата работа: