Многу често паразитите кај кучиња и мачки можат да се појават и кај човекот и да го нарушат здравјето.
Глистите кај кучиња или цревни нематоди, се најчести паразити во дигестивниот тракт на кучињата и мачките. Најчесто се појавува Toxara canis паразитот кој може да го наруши човечкото здравје. Поретко се појавува паразитот Toxascaris leonina.
Возрасните и активни глисти кај кучињата живеат во тенкото црево. Еден од главните проблеми кај кучињата кои не се лекувани од глисти на време е тоа што паразитот дневно ќе излачува илјадници јајца на мали глисти кои стануваат активни после две до седум недели, и тогаш веќе можат да напаѓаат ново животно или човек. До ова доаѓа доколку инфестицијата е исклучително силна.
Глисти кај мали кучиња
Пред првата вакцинација, кучињата се чистат од надворешни и цревни паразити, па им се даваат лекови против глисти без оглед на нивното потекло и претходното чистење. Доколку глистите кај кучето веќе доволно долго престојуваат за да создадат инфекција, тоа ќе се дијагностиција со преглед на изметот под микроскоп кај ветеринар. До зараза кај мали кучиња и други животни доаѓа доколку изедат јајца од глисти од кои пак се изведени ларви кои потоа поминуваат низ црниот дроб, белите дробови и дигестивниот систем. Малите кучиња често се заразуваат преку млеко или водата која ја пијат, ако таму се наоѓаат ларви кои одат до тенкото црево на кучето.
Глисти кај возрасни кучиња
Доколку возрасно животно проголта ларви, некои од нив можат да останат во крвотокот и да нападнат неколку органи. Таму ларвите можат да останат во мирување дури и неколку години. Доколку кучката е бремена, ларвите повторно се активираат за околу 40 дена од бременоста и да го нападнат фетусот преку крвотокот и плацентата. Откако малото куче ќе дојде на свет, можно е ларвите да стигнат до млечните жлезди и да му се пренесат. Од таа причина можно е да се најдат глисти во цревата на кучето, старо само една недела.
Зараза пеку други животни
Глистите кај кучиња можат да се појават само во случај доколку кучето изеде измет од друго контаминирано животно.
Симптоми на присуство на глисти кај кучиња
Паразитот Toxascaris leonina има поедноставен развоен циклус. Тој ги полага јајцата во тенкото црево, а кучето се инвадира по пат на храна на која се наоѓаат јајца од паразитот. Доколку се појават во дигестивниот систем, глистите кај кучето ќе ги собираат хранливите материи, ќе го нарушат варењето на храната, и ќе го оштетат ѕидот на дебелото црево. Кучето не секогаш ќе појавува симптоми на зараза, туку само при силна инвазија.
Неколку симптоми кои покажуваат дека вашето куче има глисти:
– Намален апетит
– Слабеење
– Слаб квалитет на влакното
– Надуен стомак
– Анемија и слабост
– Дијареа или запек
– Повраќање
– Кашлица или развој на пневмонија.
Доколку дојде до овие симптоми, постои веројатност да видите глисти во повратената храна или изметот на кучето. Овие глисти се вообичаени кај мали кучиња. Глистите на кучето му го ослабуваат имунитетот, и особено е забележливо кај куче чиј одбрамбен систем сè уште не е целосно развиен.
Превенција
Доколку имате куче како миленик, овие се неколку совети кои мора да ги следите:
– Редовен преглед на кучето без разлика на неговата старост
– Кај возрасни кучиња барем 2 пати годишно контролирајте го изметот
– Не оставајте го изметот од вашето милениче во паркови и места каде што го шетате
– При собирање на изметот при шетање на вашиот миленик задолжително користете ракавици
– Вреќичката во која го фрлате изметот затолжително затворете ја
– Миете ги рацете после играње со вашиот миленик
– Одржувајте ја хигиената на вашиот миленик, посебно садоите за храна и вода