Глобална шпионажа: Кој профитира?


Постои огромен ризик за вашата приватност секогаш кога ќе посетите некоја веб страница поврзана со здравјето. Анализата на преку 80 илјади такви страници покажа дека 9 од 10 посети резултираат со „протекување“ на вашите лични информации за здравјето до некое трето лице, вклучувајќи и онлајн маркетинг агенти, како и брокери за податоци.

Ова ги става корисниците на ризик поради две важни причини. Прво, здравствените интереси на луѓето можат да бидат јавно идентификувани заедно со нивните имиња. Ова би можело да се случи доколку информацијата дојде до криминалци па случајно „протече“, или пак до брокерите кои ќе ја продадат. Второ, многу од маркетинг агентите на интернет користат алгоритамски алатки кои автоматски формираат група на луѓе со имиња како на пр. „цел“ или „отпад“. Очекувано, оние во групата „цел“ се целта на трговците на мало кои им нудат известувања за распродажби и други поволности, додека со оглед на фактот дека 62% од банкротирањата се должат на медицински трошоци, оние кои ги посетуваат медицинските веб-страници може да бидат сместени во категоријата „отпад“ и да немаат поволни понуди.

За индивидуалците, тоа значи дека се гради профил за нив врз основа на страниците коишто ги посетуваат, што може потенцијално да резултира со нечие етикетирање како комерцијален ризик поради фактот што посетувал сајтови како „WebMD.com“ или „CDC.gov“ за да бара информации за сопственото здравје, или пак на некој роднина или пријател. Со оглед на тоа што брокерите на податоци ги продаваат сите информации што ќе ги соберат, оние кои посетуваат медицински веб страници имаат потенцијален ризик да бидат дискриминирани од страна на потенцијалните работодавци, трговци на мало или кој било кој ќе ја купи таа информација. Овие наоди се објавени во статијата „Импликации за приватноста при барањето на информации за здравјето на интернет“ (Privacy Implications of Health Information Seeking on the Web), која ќе се објави во мартовското издание на „Communication of the ACM“.

Тимоти Либерт, докторант на школата за комуникацијата „Аненберг“ на Универзитетот во Пенсилванија ја напишал таа статија откако направил софтверска алатка која ги истражува оние „HTTP“ кои се испраќаат до трети лица и открил дека тоа се случува кај дури 91% од веб страниците поврзани со здравје. 70% од нив вклучувале информации поврзани со специфични симптоми, третмани или болести (СИДА, рак и сл.). Најголемиот дел од податоците одат кај онлајн маркетинг агентите. „Google“ собира податоци за корисниците од 78% од страниците, а „Facebook“ од 31%. На илјадници страници биле пронајдени „Experian“ и „Acxiom“, брокери за податоци.

„Google“ нуди голем број на услуги кои собираат детални лични податоци, како на пример е-пошта на корисникот (Gmail) и физичка локација (Google Maps). „За оние кои го користат „Google+“ се препорачува да го користат вистинското име, па со комбинирањето на информациите од услугите на „Google“, односно вистинските идентитети на корисниците би било тривијално да се поврзуваат со „анонимни“ податоци кои ги пребаруваат. Во 2014 година, Комесарот за приватност на Канада одлучи дека „Google“ ги прекршува канадските закони за приватност.

„Маркетинг агентите ветуваат дека нивните методи се целосно анонимни и затоа не предизвикуваат штета“, вели Либерт. „Сепак, не секогаш е потребна идентификација за да се случи дискриминација“. Тој наведува едно истражување од 2013 година каде што имињата на одредени поединци биле поврзани со пребарувања на интернет на некое криминално досие, само врз основа на тоа што некој имал „црно име“.

„Личните здравствени информации, историски заштитени од страна на Хипократовата заклетва, одеднаш станаа сопственост на приватни корпорации кои може да ги продадат на највисокиот понудувач или случајно да ги злоупотребат за да ги дискриминираат болните“, вели Либерт. „Како што барањето на информации за здравјето се пресели на интернетот, приватноста на лекарската ординација се „трампаше“ за тивок упад на следење на однесувањето“.

Приватноста на интернетот веќе одредено време е загрижувачка. Истражувања од страна на „Аненберг“ кои датираат уште од 1999 година покажуваат загриженост кај американците за начинот на кој може да се злоупотребат нивните информации. А малку повеќе од еден на секои три Американци веќе знае дека трети лица можат да ги следат нивните посети на веб страниците поврзани со здравјето.

Според Либерт „докажувањето на штетата во однос на приватноста е секогаш тешко. Меѓутоа, оваа статија покажува дека барањето на информации за здравјето на интернет се следи и собира од страна на субјекти кои не се предмет на регулативен надзор. Овие информации може ненамерно да се злоупотребат, продадат, па дури и да се украдат. Јасно е дека нема потреба за дискусија во однос на законодавството, политиките и надзорот за решавањето на овој проблем со приватноста во ерата на интернетот.

Поддржете ја нашата работа: