Поради климатските промени и недостатокот на фитопланктони се менува бојата на океаните. Иако овие микроскопски суштества се премногу ситни за да може да се видат со голо око, генералниот ефект ќе биде очигледен.
Имено, истражувачи од МИТ, неодамна спровеле студија, првично објавена во списанието Nature Communications, во која тврдат дека океаните со текот на времето стануваат со поинаква боја.
Тие развиле модел кој, користејќи фотографии направени од сателити, можат да симулираат како растот и интеракцијата на фотопланктоните ќе се променат како што температурите на морињата низ светот се зголемуваат.
Но, не се менува само бојата на морската површина, стигнуваат промени и во популацијата на фитопланктоните. Овие мали организми се полни со зелен пигмент на хлорофил, а намалувањето на неговата популација исто така ќе влијае на бојата на океанот.
“Овие мали организми живеат во водата и се база на океанскиот синџир на исхрана. Со оглед на тоа дека се наоѓаат во длабочините, тие ја менуваат бојата на океанот. Што помалку ги има, бојата ќе стане посветла.”
Подрачјата кои се најзагрозени се Атланскиот и Јужен океан. Промената во светот на фитопланктоните, кои се храна на малите водни суштества, би можела да доведе до колапс на риболовот. Со намалувањето на нивниот број, се намалува бројот на риби кои живеат во областите каде е застапен риболовот.
Малите организми се од огромна важност за морскиот и копнениот свет. Тие го апсорбираат јаглерод диоксидот и помагаат при одржување на нивоата на стаклените градини.