Глупавите црви сепак наоѓаат храна со пресметка, користејќи само два неврони

Цевчестиот црв Caenorhabditis elegans не поседува ништо што што би можеле да кажеме дека наликува на мозок. Всушност овој нематод има само 302 неврони со кои ги процесира информациите, па нивната ефективност е од суштинско значење. Користејќи само 2 од овие неврони, Caenorhabditis elegans развил метод за следење на мирисот на храната.

Нашите очи може да нѐ измамат, но не толку често колку и нашиот нос. За да го користи мирисот со цел да најде храна, овој црв користи спектар на хемиски концентрации во околината. Меѓутоа, со оглед на потенцијалот за збунувачки фактори, тој често ќе го започне патот на кој што претходно нашол храна, наместо да оди директно по мирисот каде храната се наоѓа.

За Caenorhabditis elegans е познато дека ќе го измеша патот додека стигне до храната, но досега никој од научниците не знаел зошто и кога овој нематод го менува патот.

Д-р. Алон Заславер од Еврејскиот Универзитет во Ерусалим и неговите дипломирани студенти во списанието Nature Communications наведуваат дека повеќеклеточните организми имаат развиено малку пософистицирани методи. И тоа секако им прилега на името кое го носат.

Д-р. Заславер во својата студија покажува дека еден од овие два скапоцени неврони на C. elegans го чувствува интензитетот на мирисот на храната кој го насочува црвот кон својата цел. Меѓутоа, кога насоката е несовршена, вториот неврон ја превзема целата работа.

Вториот неврон не реагира на интензитетот на мирисот, туку на степенот на кој се менува. Математички кажано тој ја мери големината на дериватот, или скалилото на градиентите на графикот на интензивен мирис. Ако дериватот е негативен, мирисот слабее што укажува на можна погрешна насока. Колку повеќе е позитивен дериватот, толку поголема е веројатноста дека таа е вистинската насока по која црвот треба да оди.

Колку и да мислите дека ова откритие е безначајно за вашиот живот, сепак можеме да се запрашаме зошто ние луѓето со нашите 100 милијарди неврони понекогаш сме премногу тврдоглави за да ја промениме насоката кога сосема ни е јасно дека сме на погрешен пат.

Поддржете ја нашата работа: