Истражувачите од Универзитетот во Сиднеј откриле дека шансите за срцев напад се зголемуваат за 8,5 пати во првите два часа после интензивен излив на лутина. Високото ниво на анксиозност за 9,5 пати го зголемува ризикот од срцев напад во првите два часа.
Истражувањето кое е објавено во „European Heart Journal: Acute Cardiovascular Care“, е првото австралиско истражување за поврзаноста на акутните емоционални тригери и тешки кардиолошки состојби.
Состојбата на „лутина“ во истражувањето се квалификува како 5 и повеќе, на скала од 1 до 7 и се однесува на голема лутина, грч на телото, стискање на тупаниците и забите, немање контрола контрола, фрлање на предмети. Лутината под ова ниво не се поврзува со зголемениот ризик.
Тригерите на ваквите изливи на лутина можат да бидат: расправии со членови од семејството (29%), расправии со други луѓе (42%), лутина поради работата (14%) и стресни состојби во сообраќајот (14%).
Истражувањето е направено на пациенти кои биле примени во болница со знаци на срцев напад, а потоа и потврдени со дијагностички методи. Пациентите кај кои била потврдена коронарна блокада биле испрашани за нивните активности во текот на 48 часа пред да се појават симптомите и била бележана вообичаенета фреквенција на активностите, за да се изврши споредба.
Иако зачестеноста на срцевите напади поттикнати од овие фактори била околу 2%, кај овие лица веројатноста да добијат срцев напад во текот на два часа после емоционалната епизода, била за 8,5 пати поголема. И покрај тоа што апсолутниот ризик секоја епозода да поттикне срцев напад е низок, податоците покажуваат дека опасноста е многу присутна.
Истражувањето исто така покажало дека високото ниво на анксиозност се поврзува со 9,5 пати поголем ризик од срцев удар во првите два часа после анксиозната епизода.
Зголемениот ризик од срцев напад после интензивни изливи на лутина или вознемиреност, најверојатно се должи на забрзаната работа на срцето, зголемениот крвен притисок, стеснувањето на крвните садови и зголемената опасност од создавање на згрутчувања на крвта, состојби кои се познати тригери на срцеви напади.
„Овие наоди ја нагласуваат потребата од преземење на превентивни активности кај лицата со зголемен ризик, за време на епизодите на изливи на лутина. Потенцијално би можело да се спроведе трениг како да се намали стресот за да се намали зачестеноста и интензитетот на изливите на лутина или да се избегнуваат ситуации кои вообичаено предизвикуваат вакви интензивни реакции.
Исто така, подобрувањето на општата здравствена состојба преку минимизирање на други ризик-фактори како што се високиот крвен притисок, намалување на холестеролот и пушењето, ќе придонесат да се намали ризикот“ – истакнуваат истражувачите.
„Кај лицата со висок ризик, возможно е лековите како што се бета блокаторите или аспиринот замени за време на ваквите епизоди, да ја прекинат врската помеѓу стресната состојба и појавата на срцев напад. Веќе се подготвуваме да ја истражиме оваа опција“ – додаваат истражувачите.
„Нашата порака до луѓето е дека треба да бидат свесни дека интензивни изливите на лутина и анксиозност можат да доведат до срцеви напади, па затоа преземете превентивни мерки кога е возможно“- порачуваат истражувачите.