Голема пукнатина на леден гребен на Антарктикот

Научниците од НАСА забележале 50 км. долга пукнатина на еден од ледените гребени на Антарктикот. Тоа предизвикува загриженост дека наскоро би можело да дојде до распаѓање и создавање на една или повеќе санти мраз два пати поголеми од Менхетен.

Пукнатината прв пат е забележана во декември 2013 година од сателитот Лансат 8 и се наоѓа на ледениот брег Нансен. Тој е широк околу 35 км и долг 50 км и е лоциран во заливот Тера Нова на Јужниот поларен океан.

На крајот на минатата година, научниците од НАСА, Кристин Дау и Рајан Вокер, инсталирале ГПС станица на гребенот, за да видат како на него ќе влијае плимата. При прелетувањето на областа, научниците забележале дека пукнатината значително се зголемила во текот на претходните две години и сега се протега речиси по целата должина на гребенот Нансен.

1

Сателитските снимки од почетокот на месецот покажуваат дека гребенот сѐ уште се држи за континентот, а поради сегашните температури шансите се поголеми да се одржи. Но, понекогаш ледените гребени можат да пукнат, независно од температурите.

Која е причината за оваа појава? Ледените гребени се откинуваат и често се преструктуираат и тоа не е секогаш како последица од климатските промени. Голема улога играат и океанските струења и плимите, но распаѓањето на неколку познати ледени гребени како гребенот Серсон на северот на Канада се поврзува со зголемувањето на температурите. Исто така, се забрзува и стапката на губењето на ледената маса на гребените. Во текот на последните 20 години, ледените гребени Ларсен на Антарктикот значително се намалиле, губејќи 75% од нивната област.

Ледените санти што се резултат на овие настани претставуваат опасност не само за бродовите што поминуваат во тој регион, туку и за морскиот свет. На пример, 150.000 пингвини загинале на почетокот на годинава откако ледена санта им го блокирала патот до морето, спречувајќи ги на тој начин да дојдат до храна.

Сѐ уште постојат многу најаснотии околу тоа што се случува кога се распаѓаат овие ледени гребени и како тоа да се спречи. Истражувачите сега ќе следат што се случува на гребенот Нансет, за да можат подобро да разберат, како прво, зошто се создала пукнатината, како и што ќе се случи ако – или кога се расцепи.

Вака изгледала пукнатината во 2013 година

2

А вака изгледа сега

nansen_oli_2015350

Поддржете ја нашата работа: