Големо откритие во борбата против мултипла склероза

Научниците од Универзитетот Квинс во Белфаст откриле дека клучна улога во обновувањето на мозокот играат специфични клетки од имунолошкиот систем – откритие што може од корен да ги унапреди третманите на тешките невродегенеративни болести, како што е мултиплата склероза(МС)

Трудот е означено како пресвртница во откривањето на мистериите за тоа како мозокот ги „поправа“ оштетувањата. Ова е клучно во борбата против МС, од која страдаат околу 2,3 милиони луѓе ширум светот.

МС претставува најчесто невролошко заболување. Се јавува како резултат на оштетување на миелинската  обвивка на аксоните – долгите продолжетоци на нервните  клетки  од централниот нервен систем – во мозокот, ‘рбетниот мозок и оптичкиот нерв. Кај оваа болест имунолошкиот систем по грешка ја напаѓа миелинската обвивка, предизвкувајќи демиелинизација, што резултира со голем број симптоми, како болки, исцрпеност, губиток на видот и парализа. Нападот на болеста обично се случува кај млади луѓе и нешто е почест кај женскиот пол.

Со досегшните третмани можат да се лимитираат рецидивите, но не можат да се поправат веќе настанатите оштетувањата.

Во новото истражување научниците откриле дека одредени имунолошки клетки имаат потенцијал да ги обноват оштетувањата на миелинот. Тие покажале дека еден протеин што го продуцираат овие клетки може да  ги поттикне матичните клетки во мозокот да созреат во олигодендроцити, кои го обновуваат миелинот.

Ова значи дека научниците сега можат да го искористат ова сознание за да создадат лекарства што ќе ги зголемат тие клетки и во иднина да развијат потполно нова класа на третмани за овие тешки заболувања.

Коментирајќи ги наодите, др Дениз Фицџералд, една од авторите на студијата од Универзитетот Квинс , вели: „Ова е голем чекор напред во разбирањето на тоа како мозокот и ‘рбетниот мозок природно се обновуваат и отора пат за развој на можна терапија за регенерација на миелинот кај пациентите. Ќе продолжиме заедно да работиме и да ги поместуваме границите на научните сознанија за доброто на пациентите и општеството и за подобар живот на сите луѓе во светот“

Др. Фицџералд и самата доживеала состојба слична на МС- наречена „трансверзален миелититис“, кога имала 21 година и морала повторно да учи да оди.

Студијата која е објавена во списанието „Nature Neuroscience“, е дело на меѓународна сорабтка во која учетвувале ескперти од Кембриџ, Сан Франциско, Единбург, Мејнут и Ница.

 

Поддржете ја нашата работа: