Скоро 130 години го носеше теретот на светот на своите плеќи. Наречен “големото К”, меѓународниот прототип килограм, кој досега служеше и како стандард за сите други мерки, ги одбројува своите последни денови.
Се очекува дека на состанокот во Версај, кој ќе биде одржан во петок, владите да го одобрат планот кој предвидува отсега па натаму да се користат научни формулации за дефинирање на точната маса на еден килограм. Се очекува дека таа промена ќе има практични последици во индустријата и науката, кога се работи за ултрапрецизно мерење на тежина.
Оваа легура, отпорна на корозија: 90% платина и 10% иридиум, досега ретко ја гледаше светлината на денот. Сепак, неговата улога беше пресудна како основа за општоприфатен систем за мерење на маса, од што зависи и целата меѓународна трговија.
“Килограмот е последната единица за мерење, основана на физички објект”, вели Томас Гренон, директор на Националната лабораторија за мерење во Франција.
Сега килограм ќе биде дефинирам преку мала, но непроменлива основна единица наречена Планкова константа. Новата дефиниција е добиена со помош на уред кој се вика Кибелов механизам, а кој со помош на таа константа ја одредува масата на некој предмет користејќи прецизно измерена електромагнетска сила.
“Оваа нова техника ни овозможува масата директно да ја измериме на било кој степен и да посакаме и тоа е голем чекор”, вели Иан Робинсон и додава дека развојот на новата дефиниција траел со години.